Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и кон судија на Уставниот суд

Претседателот на ПЦЕР - Самка Ибраимовски доби кривична пријава од МВР – за закани и повици за насилство врз уставен судија – случај кој го пријави претседателот на судот – Дарко Костадиновски пред два дена. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка, јави ДПА, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Противпожарните служби беа повикани за повеќе од 300 интервенции во административниот регион Злин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Прага, во близина на границата со Словачка. Се користеа пумпи за одводнување на поплавени подруми и простории на приземје, а паднатите дрвја се отстранети од коловозите.

Десетици згради, меѓу кои и општински објекти се поплавени во околните села и луѓето мораа да бидат евакуирани. Се наведува дека штетите изнесуваат милиони евра.

Јанчев: Се поставуваат нови шахти во село Бохула

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, напиша на својот профил на Фајсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, во должина од 520м2 со коругирани цевки Ф315.

Инвестиција на ЈП Комуналец и Локална самоуправа Кавадарци.

Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од врнежи од град

 Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од град, предизвикани при невремето што го зафати подрачјето на кавадаречко на 27 јуни оваа година.  

Преку јавниот повик објавен од кавадаречката локална самоуправа денеска, се повикуваат сите земјоделци погодени од природната елементарна непогода, да се пријават во просториите на Општината.

Пријавувањето на штетите ќе трае од трети до десетти јули, во Граѓански услужен центар.

- Покрај барањето, пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имот, имотен лист или договор за закуп, пишува во јавниот повик.

притисни ентер