Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале
2Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МетеоПод влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дождДенес под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени. Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаГраѓаните за 2025 година имале пријавен доход од речиси 10 милијарди евра9,95 милијарди евра даночив доход бил пријавен од страна на граѓаните изминатата 2025 година. Речиси 10 милијарди евра даночив доход пријавиле граѓаните изминатата 2025 година – покажуваат податоците н управата за јавни приходи од каде велат дека годишното одданочување завршило. Минатата година споредбено со преттходната 2024 бележи раст од нешто над 1,21 милијарда евра, што се одразило и врз зголемената наплата на данокот на личен доход кој е зголемен за околу 79 милиони евра... Според податоците на управата од вкупниот данок, најмногу или нешто повеќе од 7,44 милијарди евра е е доход од работен однос, за што бројките покажуваат дека платите остануваат доминантен извор на приход кај граѓаните... По доходот од работен однос, втора категорија се приходите од капитал или околу 398 милиони евра, а значителен удел има и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи кој изнесува околу 360 милиони евра. Понатаму следуваат добивките од игри на среќа каде граѓаните имаа пријавено околу 180 милиони евра, по што следува доходот од закуп и подзакуп или околу 160 милиони евра. Истовремено податоците на УЈП покажуваат и дека голем дел од граѓаните и натаму не ја користат можноста сами да си ги проверат и потврдат даночните пријави, иако тој увид може да утврди доколку се направи евенутална грешка во годишната пријава. За една година генерирани биле 863 100 годишни даночни пријави, од нив 704 443 се дел од системот е даноци но само околу 26 илјади лично ги потврдиле. Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСудење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функциониралеГрадежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле.Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите“. Ова меѓудругото го изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени Марковски, кој во време на изработката на градежното вештачење беше декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била земена во предвид при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотеката „Пулс”. – Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо – изјави Марковски професор на Градежен факултет при УКИМ. Според него, проблемите произлегуваат и од начинот на кој била извршена реконструкцијата на објектот. – Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста … степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис, не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита при пожари – нагласи Марковски. Професорот Марковски при презентацијата на фотографиите на видео бим посочи дека новоизградените шанкови и галерии ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс. Според објаснувањето плочата под дискотеката аметерски била зајакната, за да не пропадне а над неа одозгора потоа се ставале железни конструкции, шанкови, галерии, со што, како што посочи гостите во Пулс со години биле во ризик и без да знаат за тоа, а ризичните зафати се одвивале во 2012 и во 2024 година, без дозвола и без инспекциски надзор. 12 години институциите му прогледувале низ прсти на газдата на Пулс, изјави по денешното рочиште еден од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката. -Бидејќи објектот бил под надлежност на локална самоуправа и вештиот наод ги посочува ДЗС, Државниот инспекторат за труд, градежните инспектори и како инспекции со законски надлежно ст. Ако 12 години имало реконструкции без проект, без надзор инспекциски записник, тогаш не зборуваме за еден пропуст, туку зборуваме за систем кој предолго не гледал таму каде што требало а цената ја платија 63 млади животи - изјави Александар Наунов – Родител на Надица Наунова.. Судењето во судницата во „Идризово“ ќе продолжи со изведување на градежно вештачење на објектот “Пулс” и како и распит на вешти лица кои го изработиле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаНово вознемирувачко видео: Девојче во Куманово обиколено, удирано со шлаканици и клоциСе нижат случаите на врсничко насилство.Три девојчиња наспроти едно, со шлаканици и удирајќи ја и со клоци ја тераат жртвата да се извинува, а во еден момент насилничките ја кубат за коса притиснувајќи ја до ѕид. Според првичните информации видеото кое сега е објавено и на медиумите е снимено пред околу еден месец во Куманово, но сега било пријавено во полиција, а денеска девојчето жртва е повикано на разговор во станица. Снимката од физичкото малтретирање првично осамнала на социјалната мрежа „снепчет“ како начин да се даде до знаење кои можат да бидат последниците ако некој употребува пцовки против насилничките. Од МВР за Канал 5 велат дека се запознаени со случајот и дека постапуваат. Иако настанот се случил пред околу еден месец, оттаму брифираат дека сега е пријавен во полиција. Во врска со објавеното видео за кое прашувате, ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што соодветно ќе ја известиме јавноста,-МВР. Според првичните информации жртвата има 14 години, а една од насилничките е возрасна и има 19 години, другите се малолетни. Во рок од околу еден месец ова е втор случај со јавно објавени снимки на кои се гледа како малолетнички се тепани, понижувани и малтретирани, во главно, од врснички. Во скопски Аеродром, жртва беше дванаесет годишно девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да пријави во полиција, додека е удирано со шлаканици влечено за коса и снимано од поголема група малолетници кои навиваат. За овој случај во тек е постапка пред суд, откако Обвинителството за четворица малолетници побара да бидат изречени мерки на претпазливост - забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата. Во меѓувреме, се уште нема пресуда за еден од најпознатите вакви случаи кој предизвика силна реакција и во јавноста што се случи пред околу три месеци во Ѓорче кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понишуваа терајќи ја да јаде измет. Процедурата се уште не е завршена и е во тек.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter