Под мотото „Да ја обновиме Европа сега“ либералите ја почнуваат трката за местото „кингмејкери“ - Канал 5

Под мотото „Да ја обновиме Европа сега“ либералите ја почнуваат трката за местото „кингмејкери“

По одбивањето на Калас и Бетел, како кандидат на АЛДЕ се наметна пратеничката во германскиот Бундестаг, Мари-Агнес Штрак-Цимерман од Слободната демократска партија (ФДП).

Под мотото „Да ја обновиме Европа сега“ либералите ја почнуваат трката за местото „кингмејкери“

Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во среда и четврток во Брисел ќе го одржи својот вонреден Конгрес на кој треба да го усвои Изборниот манифест и својот водечки кандидат за изборите за членови на Европскиот парламент закажани за во јуни.

АЛДЕ е дел од групата „Да ја обновиме Европа“, која уште ја сочинуваат центристичката Европската демократска партија (ЕДП), осум партии кои не се членки на ниту една европска партија, меѓу кои најголема е Ренесанса (РЕ) на францускиот претседател Емануел Макрон, еден пратеник на социјал-либералната Волт Европа, како и неколкумина независни европратеници.

Според најавите, „Да ја обновиме Европа“ нема да оди со заеднички водечки кандидат, туку секоја од трите водечки партии во неа – АЛДЕ, ЕДП и Ренесансата ќе имаат свој „шпиценкандидат“.

Европската демократска партија (ЕДП) на Конгресот во Фиренца на 8 март за свој водечки кандидат го избра својот генерален секретар и европратеник Сандро Гоѕи од партијата Да живее Италија (ИВ), додека Ренесанса на Макрон се реши за актуелната лидерка на „Да ја обновиме Европа“, Валери Ајер, иако во игра беше и еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

На Конгресот во Брисел, чиј слоган е „Да ја обновиме Европа сега“, АЛДЕ треба да го избере свој „шпиценкандидат“ откако претходно естонска премиерка Каја Калас, која важеше за фаворит за оваа позиција, ја одби кандидатурата, „вториот најпосакуван избор“, луксембуршкиот министер за надворешни работи Ксавиер Бетел изјави дека не заинтересиран за тоа место.

Ваквите повлекувања на фаворитите на останаа без коментар кај останатите партии. Така извори од Европската народна партија (ЕПП) иринично се запрашаа „зошто Калас не е располжена да ја прифати кандидатурата“, а уште подециден беше генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас кој оцени дека кај „либералите владее заглушувачка тишина за тоа како да продолжат“.

По одбивањето на Калас и Бетел, како кандидат на АЛДЕ се наметна пратеничката во германскиот Бундестаг, Мари-Агнес Штрак-Цимерман од Слободната демократска партија (ФДП).

Според најави од „Да ја обновиме Европа сега“, по конечниот избор на водечкиот кандидат на АЛДЕ, групата ќе реши кој од тројцата „шпиценкандидати“ ќе го предложи за претседател на Европската комисија. Извори во „Да ја обновиме Европа сега“ посочуваат дека тоа ќе биде Штрак-Цимерман, додека останатите двајца „шпиценкандидати“ повеќе имаат улога „да собираат гласови во кампањата“.

Но, номинацијата на Штрак-Цимерман отвора многу дилеми околу идната позиција на либералите, имајќи предвид дека таа доаѓа од партија која се противеше на неколку клучни закони поврзани со работничките права и Европскиот зелен договор и која дури и од редовите на либералното семејство беше обвинувања дека е „премногу конзервативна“. Германскиот весник „Ханделсблат“ минатиот месец објави дека ФДП во следниот период во Бундестагот има намера да блокира дури 14 законски решенија поврзани со регулативи на ЕУ.

Оттаму, се поставува прашањето дали со Штрак-Цимерман на чело, АЛДЕ нема да отстапи од својата традиционална федералистичка и прогресивна природа, од причина што ставовите и однесувањата на ФДП не секогаш може да се оценат како „проевропски и прогресивни“.

Покрај, изборот на „шпиценкандидат“, АЛДЕ на Конгресот ќе го усвои и партискиот Изборен манифест, во чија предлог-верзија се оценува дека актуелната Европска комисија „предводена од Европската народна партија (ЕПП) го занемарува“ единствениот пазар на ЕУ и приоритет се става на поттик на конкурентноста, заедничката одбрана и потребата од „создавање ново зелено законодавство што ќе и даде воздух на индустријата“. Меѓу останатите точки во програмата се наведени и проблемот со миграцијата, поддршката на земјоделците, заштитата на владеењето на правото, како и реформата на ЕУ.

Во манифестот се посочува дека либералите се залагаат за развој на единствениот европски пазар, кој ќе обезбеди „рамноправно и конкурентно деловно опкружување на ниво на ЕУ“.

Во однос на Европскиот зелен договор, во документот се наведува идејата на Макрон за „пауза“ во законските регулативи поврзани со зелената и климатската транзиција, со цел да не се попречува бизнисот во Европа.

Во врска со миграцијата, либералите се залагаат за „хуман, јасен и стабилен“ пристап, со идеја да има се помогне на земјите на потекло на мигрантите да се справат со миграциските текови, но и „интеграција на стручно оспсобените мигранти“.

Во Предлог-манифестот, исто така, се поттикнува идејата за реформска дебата преку „преразгледување на договорите на ЕУ“, со цел да воспостави носење на одлуки со квалификувано мнозинство наместо со консензус, но и да се трансформира Европската комисија во „соодветна демократска влада“. Во делот на реформите се реафирмира идејата за директен избор на „претседател на ЕУ“.

Конгресот на АЛДЕ се одржува во време кога анектите на јавното мислење покажуваат дека ливералите од „вечно трети“ зад ЕПП и социјалдемократите, ќе паднат на петтото место по бројност во Европаралмент зад двете десничарски групи Идентитет и демократија (ИД) и Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Во такви услови либералите ја заострија предизборната реторика со критики на сметка на останатите партии, пред се ЕПП. Така, по изборот на актелната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот Бретон во објава на Икс изрази сомнеж дали таа има целосна поддршка од ЕПП.

- Вистинското прашање сега. Дали е можно (повторно) да се довери управувањето со Европа на ЕПП уште пет години или 25 години по ред? Самата ЕПП се чини дека не верува во својот кандидат, наведе Бретон во објавата.

Во одговор на „забелешката“ на Бретон, генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас оцени дека либералите „повеќе не се важни“ во ЕУ.

- Знам дека работите се особено тешки во Франција за Ренесансата, бидејќи тие се под притисок на екстремистите што доведе до слабеење на традиционалните левоцентристички и десноцентрстички сили, изјави Баколас.

Инаку, ова не првпат претставници на ЕПП да го посочуваат Макрон како виновник за зајакнувањето на француската екстремна десница, чиј најистакнат претставник Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен е во убедливо водство на предизборните анкети.

Но, Макрон засега се воздржува да одговори на ваквите забелешки знаејќи дека либералите ќе бидат клучни при формирањето на идната про-ЕУ коалиција заедно со ЕПП и Прогрессивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), што би го ставило во позиција да се избори за некоја од врвните позиции во ЕУ за кадри на „Да ја обноивме Европа“.

Меѓутоа, евентуалната „либерална уцена“ би можела да предизвика контраефект, имајќи предвид дека од ЕПП веќе доаѓаат најави за можна соработка со „партиите од десницата кои сакаат да се оградат од екстремистичката реторика“. Сепак, преовладува ставот дека Макрон ќе биде пореален во барањата за значајните европски функции, имајќи предвид дека францускиот претседател со години на избори во Франција ги повикува граѓаните да гласаат за партиите на центарот со цел за да им се оневозмеже на екстремистите да дојдат на власт. Затоа е малку веројатно дека Макрон пред европските партнери ќе излезе со ставот „дајте ми го она што го барам, инаку во прашање е про-ЕУ коалицијата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

Британското Министерство за одбрана им порача на воените резервисти да се подготват за евентуални повици, објави „Телеграф“. 

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

За прв пат од Студената војна, до околу 100.000 стратешки резервисти се испратени писма, со кои им се нуди можност да се пријават како волонтери за обука и воени вежби, како што е големата вежба на НАТО „Стедфаст Дефендер“ следната пролет.

Писмата беа испратени до припадниците на сите три гранки на вооружените сили и беа потпишани од нивните команданти. Од резервистите се бара и да ги ажурираат своите контакт податоци и да ја наведат својата моментална занимање и вештини.

Овој потег доаѓа во време на растечки закани од Русија, додека Владимир Путин ја тестира решителноста на НАТО. Минатата недела, Русија испали крстосувачки ракети и беспилотно летало во источна Полска, само сто километри од местото на воена вежба предводена од Велика Британија, истиот ден кога британскиот секретар за одбрана и началникот на воздухопловството ги обиколуваа трупите таму.

Вчера беше објавено и дека британските Кралски воздухопловни сили (RAF) преместуваат авиони во хангари преку ноќ и планираат да инсталираат заштитни мрежи за заштита на британските бази од напади со беспилотни летала.

Министерот за одбрана Вес Стритинг претходно предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, со партнерите, мора да биде „подготвена да се бори и да победи“. Во разговор за Скај њуз во четврток наутро, Стритинг рече дека Велика Британија работи во „засилена средина со закани“ и дека повикувањето на резервисти е „разумна и неопходна мерка на претпазливост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата.

фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Претседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание.

„Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ.

„Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата.

Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер