3Спасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
1МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
МакедонијаПочнува уписот во средните училишта за 2025/2026 - од утре прво електронско пријавување во јуниОд утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите. Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот. Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025. Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето. Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување. Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМанасиевски: СДС со нови лаги за Алта банка, јавната аукција сака да ја претстави како тајна зделкаСДС повторно со паушални обвинувања манипулира за Алта банка, иако сите претходни им пропаднаа во вода.Кога немаат што да понудат на граѓаните и немаат излез од својот неуспех во реорганизацијата на партијата, веднаш создаваат нови лаги за случајот Алта банка. Да потсетам, лажеа дека има сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, лажеа дека се одлевале пари од Србија кон Македонија, лажеа дека банката ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без пари, и што се не излажаа, но на крајот најважно е дека се излезе спротивно од нивните тврдења, односно поволно за граѓаните. За спречување на вакви идни очајни обиди од страна на Филипче и СДС за стекнување на ситни политички поени, во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело со кое се предвидува казна затвор, за секој оној кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Филипче и СДС обвинуваат, а потоа фактите ги демантираат. Граѓаните заслужуваат вистина, а не нова епизода од нивната политичка кампања. Доста е веќе со ширење на лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЕвропаСкандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работиНа 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска го повика на разговор раководителот на департманот Лоара, Иг Муту, по наводите дека доверливи информации од Министерството за внатрешни работи биле пренесени на партијата „Национален собир“. Нуњез додаде дека ситуацијата би била исклучително сериозна доколку наводите се потврдат. Како што објави денеска телевизијата БФМ, на 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи. Иг Муту, поранешен високорангиран функционер во француското Министерство за внатрешни работи и актуелен раководител на департманот Лоара, е осомничен дека учествувал во доставувањето доверливи информации до „Национален собир“ во врска со истрагите што се водат против оваа партија. Во изјава за телевизијата БФМ и радиото РМЦ, Нуњез потврди дека го повикал Муту на разговор. „Доколку фактите се потврдат, тоа, се разбира, е многу сериозна работа“, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Тој напомена дека во моментов се води судска истрага. „Утрово ќе се сретнам со предметното лице, но во овој момент немам други информации што би можел да ги соопштам“, рече Нуњез. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСелекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“.Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во дуелот од второто коло на групата „Ф“, закажан за 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе започнат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот. Селекторот Берокал и неговиот стручен штаб го објавија следниот список на кошаркари за овој репрезентативен собир. СПИСОК НА КОШАРКАРИ Ненад Димитријевиќ Виктор Ташовски Виктор Ефремовски Војдан Стојановски Лука Стојановски Адем Мекиќ Стојан Ѓуроски Лејсон Зеќири Валмир Какруки Резарт Мемед Тома Стојаноски Андреј Маслинко Петар Бошалески Андреј Андоноски Мозес Рајт Селектор: Жозеп Марија БерокалТагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45