Почнува 32. Скопски џез-фестивал - Канал 5

Почнува 32. Скопски џез-фестивал

Со настап на британско-словенечкиот тандем Еван Паркер/Златко Каучич и Британците Гет д’ Блесинг вечер во Македонската опера и балет ќе почне 32. Скопски џез фестивал, кој ќе трае до 21 октомври.

Почнува 32. Скопски џез-фестивал
Првата вечер е посветена на британскиот џез и на 20-годишнината од македонско-британското пријателство и првпат доаѓа еден од најистакантите современи џезери во светот, саксофонистот Еван Паркер. Тој ќе настапи со словенечкиот интернационалец Златко Каучич. Втората група вечерва е Гет д’ Блесинг, која последните години беше неколку пати прогласувана за најдобра во Англија и и припаѓа на помладата генерација.

Втората фестивалска вечер ќе биде, исто така во МОБ, и ќе почне со дуетот Сидсел Ендресен и Стиан Вестерхаус од Норвешка, а потоа следува американскиот квартет Аберкромби.

Во сабота во Универзална сала е балканската премиера на проектот „Балкан фивер“ со Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов кои ќе настапат со Македонската филхармонија под водство на австрискиот диригент Кристијан Јарви. В недела во Универзална сала ќе гостуваат џез-иконата Роско Мичел со своето трио и легендарната џез-пејачка Касандра Вилсон со бендот Хариет Тубман.

Последната фестивалска вечер е на 21 октомври и е резервирана за парискиот трубач со либанско потекло Ибрахим Малуф, кој доаѓа со осумчлена група и ќе го претстави својот проект „Илузија“, а по него ќе настапи Англичанецот Дејв Холанд, еден од најдобрите басисти во историјата на џезот.

Во полноќните термини ќе има џез-концерти во Сити хол (поранешен Хард рок), каде утре ќе настапи групата на тромбонистката и композиторка Реут Регев. Следниот ден ќе гостува Никола Конте Комбо, во недела трубачот Питер Еванс со своето трио Зебулон, а на последната вечер во Сити хол ќе настапи бразилскиот трубач Роб Мазурек со проектот „Сао Пауло андерграунд“.




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. 

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.

Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески. 

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски.

Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност“.

Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија.

Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата.

Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница.

Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски.

Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!

Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка.

Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале.

Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.

Во Србија има стечај, апсење и истрага.

И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија.

Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија.

Како кога Народна банка е независна институција?

Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет“.

Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија.

Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка.

Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил.

Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија.

Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка?

Колку пати се има сретнато со Мацура?

За кои провизии се зборувало?

Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи.

Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема.

Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување.

Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа.

Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа.

Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира.

Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан

Европската комисија започна преговори за укинување на роамингот меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан. 

ЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан

Целта е регионот да се вклучи во системот „Roam Like at Home“, што би им овозможило на граѓаните да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни такси, пишува N1 Info.

Покрај Босна и Херцеговина, во преговорите се вклучени и Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Вклучувањето во единствената роаминг зона би значело дека граѓаните од Западен Балкан можат да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат интернет додека патуваат во Европската Унија по исти цени како и дома. Истите правила би важеле за граѓаните на ЕУ што патуваат во регионот.

Преговорите се во тек

Иницијативата дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја објави оваа можност за време на нејзината посета на Западен Балкан во октомври оваа година. Комисијата потврди дека билатералните преговори со партнерите од регионот сега се официјално отворени.

За да се спроведе укинувањето на роамингот, земјите-партнери мора целосно да го усогласат своето законодавство со правилата на ЕУ. Откако ќе бидат склучени договорите, Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европската Унија да донесе конечна одлука за проширување на системот. Советот на ЕУ го одобри почетокот на преговорите уште во јуни 2026 година.

Идните договори за роаминг ќе бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација, чија цел е да се поддржи стабилноста, економската интеграција и зајакнувањето на соработката на регионот со Европската Унија. Европската комисија сè уште не го објави точниот датум од кој новите правила би можеле да стапат во сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер