Почнаа да пристигнуваат засилувањата во Металург - Канал 5

Почнаа да пристигнуваат засилувањата во Металург

Австрискиот репрезентативец Јанко Божовиќ и хрватот Марко Матиќ и официјално ја отвораат серијата пристигнувања на нови играчи во РК Металург.

Почнаа да пристигнуваат засилувањата во Металург
30-годишниот Божовиќ е австриски репрезентативец со црногорско потекло, кој во Металург доаѓа од белоруски Брест Мешков. Игра на позиција десен бек, а во својата кариера настапувал и за екипите на Вест-Виен, Нитедал, Ла Коруња, Фуксе Берлин, Дунафер, Италгест Касарано, Слован, Фризенхајм и Емсдатен. Божовиќ потпиша двегодишен договор со Металург.

Хрватскиот интернационалец Матиќ (27) потекнува од Извиѓач Љубушки, а настапуваше и две сезони за хрватскиот првак Загреб во Лигата на шампионите (2012/13 и 2013/14). Во Металург доаѓа од екипата на Мекленбург Шверин. Матиќ игра на позиција лев и среден бек, а со Металург потпиша тригодишен договор.

Со овие двајца ракометари, Металург ја отвора серијата засилувања што ќе продолжи во наредниот период, по што тимот ќе добие нова физиономија во пресрет на новата сезона.

Амбициите на тимот предводен од Лино Червар се враќање на старите патеки на домашна и меѓународна сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување.

Во обраќањето, министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправното членство.

„Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка која ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека иницијативите како СЕПА и Планот за раст веќе покажуваат конкретни придобивки за регионот преку поттикнување на реформите и обезбедување директна финансиска поддршка, оценувајќи дека ваквите механизми можат значително да придонесат за побрза европска интеграција.

Осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.

Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот порача дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик или „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и македонски идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор.

Говорејќи за европската интеграција, Муцунски истакна дека државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите и останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, при што, како што посочи, придонесува и пошироко од формалната усогласеност.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, министерот оцени дека со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања, но и за заедничката европска иднина.

„Нашата намера не е само да ги започнеме пристапните преговори и по неколку месеци повторно да се најдеме во истата ситуација. Нашата цел е да ги започнеме и успешно да ги завршиме врз основа на европското законодавство, Копенхашките и Мадридските критериуми“, порача Муцунски.

Во завршниот дел од своето обраќање, министерот упати повик до земјите членки на Европската Унија од Југоисточна Европа за уште поактивна поддршка на европската интеграција на регионот, оценувајќи дека е потребен заеднички напор за искористување на актуелната историска можност.

„Историската шанса постои. На нас е да ја препознаеме и да ја искористиме за да одиме напред“, заклучи министерот Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Накитот на Клаудија Кардинале е продаден за 826.000 евра

Накитот на француско-италијанската актерка Клаудија Кардинале, која почина во септември, беше продаден на аукција во петокот за 826.262 евра, соопшти аукциската куќа „Кристи“ за АФП. 

Накитот на Клаудија Кардинале е продаден за 826.000 евра

Накитот вклучува „дваесет парчиња што ги сакала и носела Клаудија Кардинале“, се вели во соопштението.

Дел од сумата ќе биде исплатен на фондацијата

Дел од сумата ќе биде исплатен на Фондацијата „Клаудија Кардинале“, која актерката ја основала заедно со својата ќерка за да им помогне на младите современи аудиовизуелни уметници, особено на жените. Резултатот од аукцијата ги надмина проценките на „Кристи“, појасни куќата, додавајќи дека сите парчиња накит биле продадени.

Легендата на италијанското кино, Клаудија Кардинале, беше муза на големи режисери како Лукино Висконти, Федерико Фелини и Серџо Леоне. Таа глумеше во повеќе од 150 филмови во Италија, Франција и Холивуд и беше една од иконските актерки на италијанското кино, заедно со Џина Лолобриџида и Софија Лорен.

Почина на 23 септември минатата година во Немур, во близина на Париз, каде што живееше многу години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Со автопатот Прилеп- Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија!

Николоски: Со автопатот Прилеп- Битола патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа

На терен се работи се поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој.

Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион!

Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е првата половина на 2027 година да имаме пуштено во функција 10,5 км, а исто така во тек на следната година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента.

Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија.

Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации.

Ја градиме Македонија!, објави на ФБ министерот Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер