Фрчкоски: AKT објави нова бомба: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски
1Фрчкоски: AKT објави нова бомба: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски
3Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЖивотПочна со работа руската верзија на Мекдоналдс: Само Кока- колата е полоша (ВИДЕО)Првиот ден од работењето на руската верзија на американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс, наречен Delicious and Dot, покажало дека Русите генерално се задоволни од понудата, иако веќе нема производи како Биг Мек.Биле отворени 15 филијали во и околу Москва под новото име и лого, но на истите локации како Мекдоналдс, со ист персонал и речиси идентични менија. „Сè има ист вкус како порано, само Кока-Колата е полоша“, вели човек кој со пријателите ја посетил новоотворената филијала. По повеќе од 30 години работа, Мекдоналдс го затвори својот бизнис во Русија во март како одговор на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина. Недели подоцна, откако култните жолти лакови од логото на американската франшиза беа отстранети низ целата земја, руската замена за Мекдоналдс го претстави своето лого: две портокалови линии и црвен круг на темно зелена позадина што претставуваат два помфрита и еден хамбургер. Иако менито во меѓувреме го загубило својот Биг Мек, останале многу производи, но под различни имиња. Пред затворањето, Мекдоналдс имал повеќе од 62.000 локални вработени во земјата. Некои ресторани на аеродромите и железничките станици засега ќе продолжат да работат под американското лого на Мекдоналдс поради специјалните договори за франшиза кои не можат лесно да се раскинат. Нов сопственик е Александар Говор, кој од 2015 година е сопственик на лиценца за водење на 25 ресторани на Мекдоналдс во Сибир. Говор ги купиле сите 825 локации на Мекдоналдс низ целата земја и вели дека планира повторно да ги отвори во рок од два месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФрчкоски: AKT објави нова бомба: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на АндоновскиДодека владата на Мицкоски трупа нови долгови - 4 милијарди евра на грбот на народот, спроведува криминални тендери на најјако.Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал. Да видат граѓаните, дека дигитална трансформација на министерот Стефан Адноновски е всушност трансформирање на тендери! Фирмите се трансформираат ама актерите и шемите остануваат исти. А парите? Е парите најмногу се трансформираат, од илјадници во милиони евра. АКТ ги фати на дело. Ова е продолжение на скандалот кој веќе го објавивме – тоа се тендерите на фирмата „Матео Дизајн“, на сопругот на државната секретарка Клинчарова, Мартин Клинчаров вредни 50 илјади евра. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за овој случај, и тука застана. ДКСК застана ама АКТ не застанува. Затоа што и тендерите во Министерството за дигитална трансформација не застануваат. АКТ денеска обелоденува како оваа семејно-тендерска мрежа не само што продолжила, туку драматично се покачила, во вредност, во пари. 1,5 милиони евра! Да добро ме слушнавте, 1,5 милиони евра, народни пари. Бидејќи директното доделување на државни пари кон сопругот на Клинчарова станало премногу ризично по отворањето на првата афера, екипата вовела новитет. Андоновски склучува три нови милионски договори со фирмата „Нома систем солушнс“, подружница во Скопје. Станува збор за тендери за одржување на Системот за управување со документи вреден, софтвер за регистар на имот и софтвер за испити. 1,5 милиони евра. Клучното прашање е кој стои зад оваа фирма? Како управител на фирмата се јавува извесен Владимир Симовски. Истиот тој Владимир Симовски е поранешен директен бизнис партнер и косопственик токму со Мартин Клинчаров (сопругот на државната секретарка) во фирмата „СВАГ ФУД ДОО Скопје“. За скандалот да биде уште поочигледен, сопственички удел во оваа компанија има и фирмата „Матео Дизајн“, која е во сопственост токму на сопругот на Клинчарова. Трансформацијата во министерството на Адноновски кон „Нома солушнс“ и партнерот на Клинчаров е со една и единствена цел – да продолжат семејно-тендерските врски и да се испумпаат државните пари кон луѓе блиски. А сето тоа да се сокрие од очите на јавноста по избувнувањето на првиот скандал! Нема криење од АКТ нема бегање од одговорност. Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Откако заспавте и сѐ уште не го затворивте првичниот предмет кој го оформивте пред повеќе од една година, еве ви идеална прилика истиот да го дополните со овие факти и докази! Бараме итно проширување на истрагата, и следење на секој денар кој се слева на сметките на овие поврзани субјекти. А од министерот Андоновски, кој дозволи неговото министерство да функционира како затворен семејно-деловен круг, граѓаните не очекуваат извинувања – туку итна и оставка и одговорност! А одговорност ќе има! Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМТагови: Јон Фрчкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градскиот воз е реалностОгромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани за побрз, поевтин и поефикасен јавен превоз.Со симболичното патување на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје денеска официјално беше пуштена во функција првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, градоначалникот на Град Скопје и дел од скопските градоначалници. Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека ова е почеток на реализацијата на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина. “Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти и е уште поголем доказ, дека нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, еве после две години се враќа во превоз. Ако пред две години имавме напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и се распаѓаа, возови кои што не работеа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве денеска после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера веќе имаме и градски воз”- истакна Николоски. Тој посочи дека Владата го исполни ветувањето дека првата фаза од градскиот воз ќе започне на 1. септември и порала што повеќе граѓани и млади да го користат во секојдневието. “Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние”- рече заменик претседателот на Владата. Николоски на крајот упати благодарност до премиерот Мицкоски, посочувајќи дека реализацијата на вакви проекти значи и реализација на идејата на првиот човек на државата, а тоа е Македонија да стане инфраструктурна крстосница на Балканот. “Со реализацијата на Коридорите 8 и 10 и со реализацијата на вакви проекти, Македонија навистина станува раскрница на Балканот”- потенцираше вицепремиерот Александар Николоски. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговорТошковски нагласи дека организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран затворски проблем.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалната конференција „Организиран криминал во затвори: Зајакнување на интегритетот, разузнавањето и соработката во Југоисточна Европа“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која учествуваат претставници на релевантни институции и експерти од земјите од регионот. Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран затворски проблем, бидејќи криминалните структури можат да продолжат да комуницираат, да влијаат и да ги одржуваат своите мрежи и по лишувањето од слобода, со последици врз интегритетот на институциите и ефикасноста на целиот систем на кривична правда. „Мораме отворено да ги препознаваме ранливостите. Пренатрупаноста, начинот на примена на притворот, недоволно развиените алтернативи, ризикот од регрутирање на ранливи лица и можноста за коруптивно влијание создаваат простор кој криминалните структури го искористуваат. Истовремено, притисоците, заплашувањето и корупцијата можат директно да го нарушат интегритетот и отпорноста на затворскиот персонал. Овие предизвици се реални и не смееме да ги потцениме“, истакна Тошковски. Министерот потенцираше дека интегритетот мора да биде една од темелните точки во справувањето со овој вид криминал, преку јасни професионални стандарди, одговорно раководење, ефикасни механизми за проверка и спречување на корупцијата, како и институционална поддршка за службениците да можат да се спротивстават на притисоците и влијанијата. Како особено значаен сегмент го издвои и разузнавањето во казнено-поправните установи, нагласувајќи дека навременото препознавање на ризиците бара квалитетни информации, добра анализа и ефикасна размена на информации меѓу затворските служби, полицијата, обвинителството и другите надлежни институции. „Ниту една од овие мерки не може да даде целосен резултат без соработка. Од превенцијата и истрагата, преку обвинението и судењето, до извршувањето на санкцијата – институциите мора да гледаат на криминалот како на заеднички предизвик. Само преку координирани оперативни механизми, ефикасна размена на информации, заеднички обуки и јасни процедури за заштита на интегритетот можеме да изградиме отпорни институции кои ќе ги штитат и безбедноста и човековите права“, порача Тошковски. Осврнувајќи се на регионалната димензија, министерот посочи дека транснационалните криминални мрежи, коруптивните ризици, притисоците врз вработените и недостатокот на ефикасна размена на разузнавачки информации се предизвици кои не познаваат граници и затоа бараат координиран, интегриран и долгорочен пристап. Тошковски ја поздрави иницијативата и улогата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во поттикнувањето на регионалниот дијалог и создавањето платформа за практична соработка и размена на искуства меѓу институциите и експертите. На крајот, министерот истакна дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на продлабочување на соработката со партнерите во регионот и размената на искуства и добри практики, со цел градење посилни институции, побезбедни казнено-поправни установи и поефикасен и поотпорен систем на кривична правда во Југоисточна Европа.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter