ЗабаваПочна нов предизвик на социјалните мрежи , побизарен од оној со перниците (ФОТО)Во време на карантинот луѓето се забавуваат со учество во луди предизвици. Порано правеа фустани од перница и јорган, а сега се префрлија на кеси.Како и со претходниот предизвик со перници, треба да го искористите она што може да се најде дома и да се обидете да се покриете барем делумно. View this post on Instagram How do you like my new dress? Spring-summer2020 👗 Maybe this will be a new challenge😀 #paperbag#dress#newcollection#trend#challenge#paperbagchallenge#brownbag 👌🏻 A post shared by Лилия Ермак (@lilyermak) on Apr 22, 2020 at 12:16pm PDT Предизвикот со перници бараше носење појас, но со кесите за на пазар тоа не е потребно. Во овој предизвик се користат пластични и хартиени кеси, што се претворени доста добро во форма на кратки фустани или долги празнични, доколку се комбинирани повеќе кеси. View this post on Instagram I’m not bored, you are 😂 #livingmybestquarantinelife #brownpaperbagdress #quarantinelife #quarantine #paperbagdress #paperbagchallenge #householdfashion A post shared by Tiffany (@t_mcn80) on Apr 18, 2020 at 1:57pm PDT Некои се снајдоа и ги користат рачките како прерамки, додека други едноставно ја завиткаа торбата околу голото тело. Откако започна трендот, започнаа објавите на Инстаграм, па многу луѓе пребаруваат во своите домови за да го пронајдат вистински материјал. View this post on Instagram Paper Dress Challenge! A post shared by Jennifer Crawford (@jencstyle) on Mar 25, 2020 at 12:51pm PDT „Како ви се допаѓа мојот фустан? Колекцијата пролет / лето 2020 година“, напиша една жена. View this post on Instagram These 4 Beautiful Brides prove you CAN look good in a brown paper bag! All 4 of you win a great gift and I have a live video to plan with you 4! . #oraindasbridal #anchoragealaska #bride2be #5yearanniversary #giveawayfun #brownpaperbagweddingdresschallenge #covid19boredom A post shared by Orainda's Bridal Boutique (@oraindasbridal) on Apr 24, 2020 at 11:03pm PDT Некои креации дури се изработени доволно добро за да бидат искористени за прошетка надвор, па можеби некој ќе се реши да го преземе овој предизвик кога ќе престанат мерките за изолација. View this post on Instagram Пятерочка выручает 😌😉#bagchallenge #ахочешьдокажучтоятомат 😂😂 A post shared by Lola Dok (@_atnew_) on Apr 13, 2020 at 4:32am PDT View this post on Instagram #shoppingbagchallenge 🛍😀 le confinement nous rend créative 😂😂😂😂 #shopping #mode #mannequin #style #fashion#bag #primark #stayathome #stayathomechallenge A post shared by @ bblonde006 on Apr 13, 2020 at 9:46am PDT View this post on Instagram #shoppingbagchallenge Ce qui est bien avec ces challenges, c'est que je me sens presque comme un mannequin 🤣 #confinement #coronavirus #covi̇d19 #challenge #shoppingbag #lol #mannequin A post shared by Marilyn (@marilyn_crossfit) on Apr 13, 2020 at 9:23am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаНБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и РесенДенеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28