Почна фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ - Канал 5

Почна фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“

Гламурозно и со многу светлина, синоќа во Битола почна 34-то издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, којшто годинава се реализира под мотото „Пушти ја светлината“.

Почна фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“
Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој истакна дека Битола е македонска филмска престолнина во која се одржува најстариот фестивал на светот што го вреднува авторскиот придонес на директорите на фотографија.

- Овој фестивал се темели на првите македонски и балкански кинематографи, браќата Јанаки и Милтон Манаки. Расветлувајќи ја нивната сегашност тие ни осветлија дел од нашето минато и ни овозможија да имаме појасна визија за иднината. Низ објективот на легендарната „Камера 300“ тие не дозволија темнината да го проголта нашето културно минато, напротив ја зачуваа, промовираа и ја афирмираа нашата култура, историја и секојдневие, посочи покровителот на фестивалот во Битола, претседатетелот Иванов.

Во обраќањето шефот на државата нагласи дека фестивалот „Браќа Манаки“ повеќе од три децении е промотор на Република Македонија, на македонската кинематографија и култура во европски и светски рамки. Фестивалот, рече Иванов, стана врска меѓу врвните филмски остварувања и искрените почитувачи на филмот.

Според востановената традиција, свеченото отворање беше одбележано со врачување на наградата за животно дело која годинава му припадна на најдобриот шпански кинематограф Хосе Луис Алкаин. Златната „Камера 300“ на Алкаин му ја врачи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

- Како добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“, длабоко се заблагодарувам на оваа земја, на Македонија и таа за мене е незаборавна бидејќи претставува највисоко признание што може да го добие еден кинематографер. Јас сум човек што работи со светлина и затоа нека биде светлина, порача кинематограферот Хосе Луис Алкаин од фестивалската сцена во Битола.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со прес конференција на тимот и актерите од македонскиот игран филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи кој синоќа во Битола ја имаше својата светска премиера. Во фестивалскиот прес центар ќе биде претставено и меѓународното жири, додека во кино салите на НУ Центар за култура во текот на денот ќе се одвиваат проекции на филмови од официјалната програма, документарна програма, кратки филмови, филмови за деца и други фестивалски содржини. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки.

Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан си купи нова куќа под влијание на канабис

Ким Кардашијан (46) откри дека под дејство на гумени бомбони со канабис, донела прилично скапа одлука. 

Ким Кардашијан си купи нова куќа под влијание на канабис

Додека се дружела со семејството и пријателите во Палм Спрингс, решила да купи куќа, која се наоѓа помеѓу имотите на нејзината мајка Крис Џенер и нејзината сестра Кајли Џенер. Сè беше прикажано во новата епизода од реалното шоу „Кардашијан“, пишува Unilad.

Пред патувањето, тие земале гумени бомбони со канабис

Во петтата епизода од осмата сезона на шоуто, Ким отпатувала со своите пријатели во Палм Спрингс, каде што нејзината мајка Крис Џенер има куќа. На забавата им се придружиле Клое Кардашијан, комичарката Ники Глејзер, актерката Бренда Сонг и комичарката Форчун Фајмстер.

Пред да замине со приватен авион, Ким им понудила на другите гумени бомбони со канабис. Клое коментирала во шоуто дека комбинацијата на нејзината мајка и канабис е рецепт за забава.

„Ги пробав можеби еднаш или двапати и не можев да престанам да се смеам“, рече Крис.

Виде куќа на продажба и доби идеја

По пристигнувањето во Палм Спрингс, Ким забележа дека имотот помеѓу куќите на Крис и Кајли Џенер е на продажба. Додека шетаа низ градината на Кајли, таа ги посочи патеките што претходно ги направиле за членовите на семејството да можат да се посетуваат едни со други низ дворовите, без да излегуваат надвор.

„Го направивме ова за да можеме да поминуваме низ дворот еден на друг“, објасни таа. Потоа ѝ текна да го купи имотот помеѓу двете куќи и на тој начин да ги поврзе семејните имоти. „Можете ли да замислите само да ги продолжиме патеките низ дворовите? Тоа би било многу забавно“, рече таа.

Потоа компанијата отиде на обиколка со количка за голф низ имотот што се продаваше. „Ова дефинитивно е нелегално влегување. Луѓе, не пробувајте го ова дома“, се пошегува Ким пред камерите.

Форчун Фајмстер ја поддржа нејзината идеја. „Не знам колку чини, но треба да го купите“, ѝ рече таа. Ким не размислуваше долго, туку веднаш се јави кај агентот за недвижности.

Клое потврди дека навистина ја купила куќата

За време на разговорот со агентот, Ким објасни како планирала да го финансира купувањето. „Ми понуди иста цена. Ако продадам една за половина цена, ќе бидам блиску до Кајли, а овој поглед е многу подобар“, рече таа.

Иако на почетокот сè изгледаше како спонтана идеја за време на дружење, Клое подоцна потврди дека нејзината сестра навистина го купила имотот. „Таа го купи. Навистина го купи. На крајот, сè се среди одлично“, откри таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани.

Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко.

„Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот.

Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември.

До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер