3Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот
КултураПочина Илинденка Петрушева, истражувач на историјата на македонската кинематографијаПо кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма во Кинотека на Македонија. Оттаму денеска изразија длабоко жалење и сочувство до семејството посочувајќи дека Кинотека на Македонија загубила искрен пријател и неуморен работник, вистински вљубеник во филмската уметност и исклучително голем културен деец. Петрушева беше родена на 4 август 1944 година во Пиринска Македонија, во Горна Џумаја, денешен Благоевград, во семејството на Кирил Петрушев, прв министер за внатрешни работи на Народна Република Македонија. По ослободувањето на Скопје, на четиримесечна возраст е донесена во Скопје каде се школува во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ и во десетгодишното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“. Дипломира на Филозофскиот факултет во Загреб, на катедрата по етнологија, каде изучува и италијански и шпански јазик и факултативно историја и теорија на филм. Професионалните работни ангажмани ги започнува како советник за култура во Скопската организација на младите (1969-1972), а со отворањето на Домот на младите „25 мај“ во 1972 година (денес Младински културен центар) во првата редакциска постава е избрана за уредник за филм, музика и литература (подоцна само за филм). Во 1974 година е еден од основачите на Кинотеката на Македонија. Член е на привремениот извршен орган заедно со Ацо Петровски и Предраг Пенушлиски, каде стапува во редовен работен однос во почетокот на 1977 година и останува сѐ до пензионирањето во 2009 година. На 23 јануари 1998 година е избрана во звање советник филмолог. Во 1979 година е еден од иницијаторите за формирање на Кинотеката на Хрватска. Учесник е, член на Советот и еден од организаторите во востановувањето на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола во 1979 година и активно учествува во неговата реализација сѐ до 1995 година. Во повеќе мандати е претседател на Киносојузот на Македонија (асоцијација на филмските аматери) каде последниот мандат го „одработува“ со приемот на Киносојузот за полноправен член во УНИКА (Меѓународната унија на аматерскиот филм) во 1996 година. Во периодот 1977-1979 година е генерален секретар на Сојузот на филмските критичари на Југославија. Во седумдесеттите, осумдесеттите и во првата половина на деведесеттите години на минатиот век е член на Друштвото на филмските работници на Македонија (секција на филмски критичари) и во истиот период е член и на ФИПРЕСЦИ (Меѓународна асоцијација на филмски критичари). Била член на жирија на бројни домашни и странски филмски фестивали (Пула, Белград, Москва, Ташкент и многу други). Во повеќе мандати е член на Претседателството на Културно-просветната заедница на Скопје (денес Дирекција за култура), на Самоуправната заедница за култура на град Скопје и на Македонија, на Републичката комисија за преглед на филмови, како и член на советодавниот Комитет за култура и уметност на Институтот „Отворено општество на Македонија“. Од 1999 до 2001 е советник на министерот за култура на Република Македонија, а во 2007-2008 е член на Советот за култура при ресорното министерство. Во текот на својот работен век, Петрушева својот креативен ангажман го насочува кон неколку кинематографски сегменти – историографски истражувања на македонската кинематографија, развој на филмската култура - интензивно занимавање со филмска критика, осмислување и реализирање на други форми/програми на филмската култура и развој на филмскиот аматеризам и востановување на филмското воспитување во наставниот процес. Уште за време на студиите во Загреб повремено објавува осврти за филмови од кинорепертоарот на брановите на Радио Загреб, а во почетокот на седумдесеттите години започнува професионално да се занимава со филмска критика, објавувајќи филмски рецензии, осврти, коментари и есеи во „Филм-фокус“, „Екран“, „Пулс“, „Просветна жена“ (1975-1988), „Културен живот“ (1983-1997), „Премин“ (2001-2003) и во други домашни и странски списанија меѓу кои култниот сараевски „Синеаст“, загрепска „Филмска култура“, белградски „Филмограф“, „Блимп“ во Виена, „Томбак“ во Истанбул и други. Редовен филмски рецензент била во „Вечер“ (1980-1988), „Денес“ (1997-2003), „Македонија денес“ (1998-2003), како и на Скопската програма на МТВ (1987-1989). Главен и одговорен уредник беше на списанието „Кинопис“ (од број 1 до двобројот 45/46, односно од 1989 до 2014 година), како и член на редакциите на „Кинотечен месечник“ (1977-1988) и на меѓународното списание „Балкан Медиа“ (Софија/Виена, 1993-1996). Покрај занимавањето со филмска критика, Петрушева од крајот на шеесеттите години иницира и активно учествува и во реализацијата на други форми за развојот на филмската култура: ги реализира познатите „Синеастички вечери“ кои од 1972 година се вдомуваат во Домот на младите, ги организира репризните програми во Скопје од Белградскиот ФЕСТ и Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм, организира трибини и разговори со познати синеасти (Макавеев, Жилник, Зафрановиќ, Тихонов, Донској и многу други), иницира нови фестивали како на пример Југословенскиот фестивал на цртан и анимиран филм (Дом на младите, 1976), креативно учествува во активностите на фестивалите „Астерфест“ (2006-2010) и „Македокс“ (2010-2025), како и во реализација на Отворениот филмски универзитет на Естетичката лабораторија при Философскиот факултет (УКИМ) и Кинотеката на Македонија (1977/1978). Во текот на седумдесетттите и осумдесеттите години на минатиот век, Петрушева, соработувајќи со хрватските професори по филмска теорија д-р Анте Петерлиќ и д-р Мирослав Врабец, реализира ТВ серија во десет продолженија „За филмското воспитување“ на брановите на Радио Скопје, потоа објавува бројни коментари, осврти и есеи во домашната периодика и иницира и учествува со свои соопштенија на повеќе советувања за оваа проблематика. Резултат од овој ангажман беше воведувањето на наставни единици за филмска уметност во основното и средното образование распоредени во пооделни наставни предмети – македонски јазик, философија или изборни предмети, како и реализација на аматерски филмови во училишните клубови. Во овој контекст Петрушева учествува во бројни стручни тела фомирани од тогашните Секретаријат за образование и Републички завод за школство, пришто реализира и повеќе нагледни предавања за просветните работници. Учесник е на бројни домашни и странски научни симпозиуми, собири и трибини, а со свои авторски трудови учествувала во повеќе монографски изданија. Во рамките на кинотечната дејност, Петрушева објави авторски студии за Столе Попов, Бранко Гапо и Љубиша Георгиевски, за македонскиот филм пишува во специјализирани изданија на Шпанската и Хрватската кинотека, а за потребите на Македонската кинотека, меѓу друготo, објавува авторски прилози и за бројни светски кинематографии. Автор е на книгите: „Филмолошка библиографија 1944-1954“ (Кинотека на Македонија, 1991), „Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000“ (Киносојуз на Македонија, 2001), „Сонце на дирек – мали приказни за македонските филмски сонувачи“ (Македонска реч, 2005), „Време на игри и соништа – студија за аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011“ (Кинотека на Македонија, 2011) и „Само сонот е стварност - од бележникот на еден филмолог“ (Македоника литера, 2014). Во ракопис во електронска форма го изработила истражувачкиот труд „Филмолошка библиографија 1897-1944“. Уредник е на книгата на д-р Александар Трајковски „Музиката во македонскиот игран филм – од ’Фросина’ до ’Лазар’“. Добитник е на наградите „Почесен медал“ на УНИКА (Меѓународна унија на аматерскиот филм) за афирмација и популаризирање на аматерскиот филм (2000), „Златен објектив“ на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија (2017) и престижната државна награда „11 Октомври“ (2017) за животно дело - за повеќедецениски значајни остварувања и ангажмани во областа на кинематографијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајотОткако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски, Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија. Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава. Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи. На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ. Обвинителството мора да работи според законот и да постапува. Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ. Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон. Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока. Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника. Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во Алта банка, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред. И тие воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните. Сега граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта. Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност. Во Собранието лаже на надзорната расправа за Алта банка, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста. Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството. Мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТуск: „Нема да прифатиме таков договор“Европските нации нема да дозволат САД и Русија да преговараат за нови безбедносни правила за европскиот континент без нивно учество, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.„Во никој случај нема да дозволиме некој да воспоставува нови безбедносни правила во овој дел од светот зад наш грб – зад грбот на Полска и Европа“, им рече Туск на новинарите, како што пренесува „TVP World“. Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура за Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон. „Нема да градиме нова безбедносна архитектура само затоа што рускиот претседател, или, на пример, некој во САД, го сака тоа. Тоа воопшто не доаѓа предвид“, изјави полскиот премиер. Неговата изјава доаѓа по извештајот на медиумот „Аксиос“, кој – повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите – откри дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Москва да изнесе предлози за иден безбедносен договор што се однесува на Европа. Според американскиот медиум, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф побарале од руските претставници да ги изнесат своите безбедносни барања и да предложат мерки за деескалација на тензиите со европските земји, за време на преговорите за Украина што се одржаа во Абу Даби претходно оваа недела. Овие разговори, водени со американско посредување, завршија без конкретен договор. Русија бара ограничување на присуството на НАТО Веќе некое време, Русија се залага за ограничување на проширувањето на НАТО и намалување на западното воено присуство во Источна Европа – барања што Вашингтон претходно ги отфрли. Туск предупреди дека секој потенцијален договор за нова безбедносна архитектура би бил од особено значење за Полска, која граничи со Украина и со руската Калининградска област. Варшава е во состојба на висока готовност уште од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година и постојано ја обвинува Москва за саботажи и други непријателски активности. Путин се согласува на европско учество Во меѓувреме, американскиот пратеник Стив Виткоф во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да дозволи учество на европски претставници во следната рунда преговори за Украина. „Европјаните ќе се приклучат на следниот состанок, што го сметаме за многу важен момент, бидејќи тие се наши партнери и за нас е важно да учествуваат“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Москва. Доколку дојде до ова, тоа ќе биде првпат европски претставници директно да учествуваат во преговорите предводени од САД, откако Трамп, по враќањето во Белата куќа, покрена дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина. Туск истакна дека гледа единствен став меѓу земјите-членки на Европската унија во однос на потребата од европско вклучување во преговорите и зачувување на безбедноста на истокот од континентот. Според него, секој мировен договор мора да гарантира зачувување на суверенитетот на Украина, како и на постојната безбедносна архитектура во Источна Европа. „Можам со прилично голема сигурност да кажам дека не гледам никакви внатрешни поделби или пукнатини меѓу земјите од Европската унија“, рече Туск. Сепак, тој призна дека дипломатските цели на Вашингтон може, до одреден степен, да се разликуваат од очекувањата на европските држави. „Целите на американската дипломатија може донекаде да се разликуваат од она што го очекува Европа“, заклучи полскиот премиер. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот животГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна наНа денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. - Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook