Почина академик Богомил Ѓузел - Канал 5

Почина академик Богомил Ѓузел

Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека денеска во 82 година од животот, почина академик Богомил Ѓузел, редовен член на МАНУ. 

Почина академик Богомил Ѓузел

По повод смртта на академик Ѓузел, МАНУ ќе одржи Комеморативна седница преку видеоконференциска врска со употреба на интернет-комуникација, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Академик Богомил Ѓузел, поет, раскажувач, драмски писател, есеист, е припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесеттите години на дваесеттиот век и која со своето дејствување ќе изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската литература, придонесувајќи за победата на оние сили кои се бореа за проширување на хоризонтите на творечките слободи и за внесување на македонската култура во Европа и во светот.

Академикот Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија. Дипломирал во 1963 година на Катедрата за англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј" – Скопје. Во 1963–1964 година работел како ТВ реализатор во РТВ Скопје. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.

По враќањето, од 1966 до 1971 година, работел како драматург во Драмскиот театар, Скопје, потоа од 1971 до 1973 година, како програмски директор на Струшките вечери на поезијата. Од 1976 година работи како библиограф во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" во Скопје, а од 1985 до 1999 година, како драматург во Драмскиот театар, Скопје. Од 1999 година е в.д. директор на Струшките вечери на поезијата, до пензионирањето во март 2004 година.

Во меѓувреме бил секретар на Македонскиот ПЕН центар (1963–64), секретар на Друштвото на писателите за односи со странство (1970–72) и еден од основачите и прв претседавач на Независните писателите на Македонија (1994), на чиј двомесечник за литература и култура „Наше писмо" е главен и одговорен уредник од неговото основање во 1995 година.

Учествувал на Интернационалната програма за пишување во Ајова Сити, САД (1972/73) и на меѓународните поетски фестивали во Ротердам (1978 и 1995), Сан Франциско (1980), Херлен (1991), Магар, Израел, (2001), Мастрихт и Валенсија (2002), Берлин (2006), Лодев (2007), Сараево (2008), Загреб (2009), Вилнус (2010), Истанбул (2011).

Творечкиот опус на академик Богомил Ѓузел опфаќа повеќе од 230 библиографски единици, од кои триесетина се поетски збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии, списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и сл. За творештвото на акад. Ѓузел се напишани и голем број на критики и осврти, како од домашни, така и од странски автори.

Есеите кои академик Ѓузел ги објавуваше во периодиката и дел од кои се собрани во книгите „Историјата како маштеа" и „Бовча", ни го покажуваат овој автор не само како еден извонредно луциден интелектуалец, кој поседува висока доза на информираност и на сестрано образование, туку и како творец кој на прашањата што ги зема во средиштетото на своето внимание знае да им најде оригинален и често неочекуван аспект. Овој вид текстови на акад. Ѓузел се плод на упатеноста на овој автор во суштинските прашања на нашата епоха, како и резултат на неговата страсна желба да им најде одговор кој ќе биде во согласност со неговите етички и естетски сфаќања. Ставот на академик Богомил Ѓузел е секогаш став на еден вистински ангажиран интелектуалец кој сака да ги изнесе своите погледи јавно и гласно, и тогаш кога тие, според сите предвидувања, не би можеле да очекуваат да бидат пречекани со сеопфатна согласност. Европската ориентација, интелектуалната луцидност и универзалната широчина им обезбедуваат на неговите есеи едно траење кое далеку ги надминува околностите во кои тие се пишувани и поводите кои го предизвикале нивното појавување.

Кога се зборува за овој вид на творечки ангажман на академик Ѓузел, секако не може да се испушти од предвид манифестот „Епското на гласање" (потпишан и од поетот Радован Павловски), во кој овој автор на еден мошне оригинален и провокативен начин ги изнесува своите ставови кои се однесуваат на сфаќањето на поезијата, на творечкиот чин како и на прашањата поврзани со културната и поетската традиција. Овој манифест одигра значајна улога во формирањето на македонската културна клима во тој миг и го покажа самостојниот однос на неговите потписници кон официјалната идеолошка и политичка матрица која во тој период важеше како општоприфатена. Појавата на овој поетски проглас предизвика еден голем бран на љубопитство за македонската поезија во некогашните ју-простори, и во круговите на книжевната наука сé уште е објект на истражувања и анализи.

Академик Богомил Ѓузел е несомнено наш најзначаен преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. Високопрофесионалиот однос кон комплексните проблеми што се отвораат при преводот на поетските дела од класиката, совесноста и истенчениот вкус го красат овој дел од творечката дејност на овој автор. Благодарение на неговиот преведувачки ентузијазам, на јазичното мајсторство и на еден навистина студиозен пристап, на македонски јазик, во негов превод, се приопштени најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир (вкупно, осумнаесет). Освен тоа, Ѓузел е преведувач на изборите од поезијата на Т.С. Елиот, В.Х. Одн, Волт Витмен, Е. Дикинсон, Езра Паунд, В.Б.Јејтс, Шејмас Хини и др. а и составувач (заедно со Луис Симпсон и Серж Фошро) и преведувач на една сериозна и откривачка Антологија на современа американска поезија.

Тој е добитник на најзначајната книжевна награда „Браќа Миладиновци" за најдобра поетска книга помеѓу две Струги (двапати) и наградата за преведувачки опус „Кирил Пејчиновиќ". Исто така, добитник е и на главната награда на Меѓународната писателска средба во Загреб 2002 година.

За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови, а израелскиот претседател Исак Херцог објави дека во недела, на 8 ноември, ќе одлучи кому ќе му го довери мандатот за формирање нова влада.

По консултациите со претставниците на политичките партии, Херцог оцени дека резултатот е јасен, но најави дополнителни разговори пред да донесе конечна одлука.

Партијата Јашар го повика претседателот што поскоро да му го довери мандатот на Ајзенкот, нагласувајќи дека поддршката од 67 членови на парламентот е најголемиот број што еден кандидат го добил од 2015 година.

И покрај поддршката од мнозинството членови на парламентот, патот на Ајзенкот кон формирање влада останува неизвесен поради поделбата на опозициските партии.

Како што објаснува „Тајмс оф Израел“, четири партии со вкупно 48 места одбиваат да соработуваат со две арапски партии кои заедно имаат 19 членови на парламентот, иако сите ја поддржаа неговата кандидатура.

Дополнителна можност за формирање на ново мнозинство е одлуката на партијата Обединет Тора Јудаизам, која има седум места, да не го поддржува Нетанјаху.

Според израелските медиуми, лидерот на партијата Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, е подготвен да разгледа соработка со ултраортодоксните партии со цел да се олесни отстранувањето на сегашниот премиер.

Лидерот на арапската партија, Рам Мансур Абас, го поддржа Ајзенкот, но не го означи експлицитно Хамас како терористичка организација, што е еден од условите што Ајзенкот ги постави за потенцијалните коалициски партнери.

Абас, сепак, изјави дека неговата партија го поддржува разоружувањето на Хамас.

Претставниците на Заедничката листа исто така го поддржаа Ајзенкот, но најавија дека можат да поддржат малцинска влада од опозицијата, без директно да учествуваат во нејзиното формирање.

Партијата Б'Јахад ја отфрли можноста за влада на национално единство со Ликуд на Нетанјаху, додека претставниците на Ликуд ја повикаа опозицијата да се приклучи на широка коалициска влада.

Поранешниот шеф на безбедносната служба Шин Бет, Јорам Коен, изјави дека на Израел му е потребна стабилна влада и предупреди дека новите избори ќе ја игнорираат волјата на гласачите кои гласаа за промени на изборите минатата недела. Новиот Кнесет треба да се конституира на 10 ноември, кога се очекува и изборот на нов претседател на парламентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Киану Ривс повторно ќе го игра Џон Вик, една од неговите најпознати филмски улоги. 

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Но, овој пат, гледачите нема да го видат во класичен акционен филм, туку ќе го позајми својот глас во анимираното продолжение на популарната серија, пишува LADbible.

Студиото Lionsgate го потврди враќањето на Ривс, а проектот првпат беше најавен на CinemaCon 2025. Адам Фогелсон, претседател на филмската дивизија на Lionsgate, ја објави веста во тоа време.

Новиот филм ќе открие што се случило пред првиот Џон Вик

Дејството на анимираниот филм ќе се одвива пред настаните од првиот дел, кој пристигна во кината во 2014 година. Приказната ќе го следи Џон Вик за време на погубувањето на легендарната „Невозможна мисија“, што му овозможи да го напушти светот на платените убијци и да започне мирен живот со својата сопруга Хелен.

YouTube video

Оваа задача е спомената неколку пати во претходните филмови, но гледачите никогаш немале можност да видат како Вик ја извршил.

„Можностите се бескрајни, и во анимацијата и во светот на Џон Вик“, рече Фогелсон кога го најави проектот.

„Нема приказна за Џон Вик што обожавателите сакаат да ја видат повеќе од „Невозможна мисија“. Визијата што Шенон ја има за таа приказна е неверојатна и многу сме возбудени да видиме како ќе се покаже Џон Вик во анимираниот формат“, додаде тој.

Датумот на објавување на филмот сè уште не е објавен.

Зошто го избраа анимето?

Режисерот Чед Стахелски, кој ги режираше сите четири главни филмови за Џон Вик, објасни дека јапонската анимација долго време е едно од неговите најголеми креативни влијанија.

„Тоа беше огромно влијание врз мене, особено серијата Џон Вик“, рече тој за анимето. „Можноста да се развие аниме за Џон Вик се чини како совршен чекор напред за овој свет“, додаде тој.

Според него, анимацијата нуди можности што би било тешко да се реализираат во играните филмови. „Анимето ни овозможува да го прошириме светот, ликовите и акцијата на начини што претходно беа незамисливи“, објасни тој.

Ривс последен пат го играше Џон Вик во „Балерина“

Кијану Ривс првпат го играше Џон Вик во 2014 година, а потоа се врати за уште три продолженија.

Последен пат се појави во таа улога во филмот „Џон Вик: Балерина“ од 2025 година, во кој глуми Ана де Армас.

Новиот анимиран филм на тој начин дополнително ќе го прошири светот на Џон Вик и конечно ќе им открие на обожавателите еден од најважните настани од неговото минато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Пекинг за прв пат потврди дека се дискутира за историски состанок меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција оваа недела изјави дека Кина „комуницира со релевантните страни за состанокот на тројцата шефови на држави“, објавува „Гардијан“. Средбата би можела да се одржи на крајот на овој месец на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен.

Иако, ако се случи, тоа би бил историски настан, експертите истакнуваат дека е малку веројатно тројцата лидери да разговараат за нешто конкретно бидејќи нивните интереси се дијаметрално спротивставени. Поверојатно е дека сè ќе се сведе на заедничка фотографија, со внимателно испланиран протокол насочен од Кина. „Мислам дека состанокот ќе се одржи. Тоа е само прашање на формат и содржина“, рече Сун Јун, директор на програмата за Кина во Центарот Стимсон. „Кина ја сака сликата, но не сака да ги сноси трошоците“.

Различни интереси, високи влогови

Пекинг е домаќин на овогодинешниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), групација од 21 земја, вклучувајќи ги САД и Русија. Се очекува Трамп да отпатува во Шенжен за својот трет состанок со Си оваа година и да се обиде да одржи кревко трговско примирје кое истекува во јануари.

Како знак дека тензиите остануваат, трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, го повика Пекинг да преземе „конкретни чекори за целосно спроведување на претходните обврски“ за време на видео повик со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во петокот, објави Асошиејтед Прес.

Според соопштението од канцеларијата на Грир, ова првенствено се однесува на купувањето земјоделски производи, ретки земни метали и други клучни минерали. Кинеската државна новинска агенција Синхуа во саботата објави дека разговорите биле суштински и конструктивни, но дека Кина изразила загриженост во врска со рестриктивните економски и трговски мерки на Вашингтон.

Интересите на тројцата лидери на трилатералниот состанок се сосема различни. Трамп изјави дека би сакал да разговара за контрола на нуклеарното оружје со Си и Путин. Путин, од друга страна, е фокусиран на војната во Украина, за која сака да разговара без Киев.

Аналитичарите веруваат дека Русија веројатно ќе се обиде да го искористи самитот за да ги доближи Кина и САД до својата позиција за Украина. „Путин има најмногу што да добие од оваа трилатерална средба. Русите очигледно стојат зад иницијативата за средбата, што би бил дипломатски успех за нив“, рече Дени Расел, поранешен висок функционер на Стејт департментот, а сега соработник во Институтот за политика на азиското општество.

Тој додаде дека Трамп, поради неговиот „склон кон авторитарни лидери“, со задоволство би ја прифатил средбата, иако советниците го предупредиле да се држи подалеку од темата за Украина. Сун Јун верува дека Кина нема да се вклучи во преговори за контрола на оружјето или во длабински дискусии за Украина или Иран, туку ќе се држи до својата вообичаена дипломатска реторика за важноста на мирот.

Најголемиот предизвик за Пекинг, истакна таа, ќе биде впечатокот што средбата ќе го остави врз јавноста, бидејќи „не треба да се изедначува со трите големи сили што меѓусебно го делат светот“. Крег Синглтон од Фондацијата за одбрана на демократиите заклучува дека сè може да се сведе на фотосесија што ќе му овозможи на Путин да се појави покрај американскиот и кинескиот лидер. „Спектаклот може да биде историски без да донесе никакви значајни резултати“, рече тој.

Војна во Украина: Нови напади и повици за одбрана

Украина беше исто така под силни руски напади во саботата, 1.718 дена од војната. Претседателот Володимир Зеленски ги повтори повиците до сојузниците итно да достават ракети за системот Патриот во Киев со цел да ги одбранат градовите.

Во петокот, тој предупреди дека војската се подготвува за нови руски напади врз клучната инфраструктура. „Имаме разузнавачки информации дека Русија подготвува нови напади врз енергетиката, мостовите на Днепар и цивилната инфраструктура“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.

Киев и другите украински градови се под речиси постојани напади со недели. Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека станбена зграда во главниот град е оштетена во руски ракетен напад рано наутро во саботата. Воената администрација на градот објави на Телеграм дека две лица се повредени и дека е оштетена и градинката.

Во исто време, дипломатските напори се во тек. Зеленски бара конкретни писмени гаранции од западните сојузници за повоена безбедносна поддршка, по дводневните разговори во Брисел за безбедноста и реконструкцијата. Трипартитните мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД се закажани да се одржат во Абу Даби следната недела, први од ваков вид од февруари.

„Важно е сè да биде јасно на хартија“, рече Зеленски во интервју за телевизијата 1+1. „Прашањето не е во десетици точки, туку во разбирањето на исходот: ако Русија повторно нападне, што ќе се случи? Кој ќе направи што, со какви средства и кога?“

На состаноците во Брисел присуствуваа претставници од САД, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, како и претставници на Светската банка и американската инвестициска група „БлекРок“. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, објави дека конкретно разговарале за руските закани кон Украина и Европа и заедничките чекори за нивно спротивставување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер