3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Шоу бизПо трагедијата, Алек Болдвин се врати на снимањето на „Раст“ (ФОТО)Алек Болдвин се врати на снимањето на „Раст“, откако обвинителите во Ново Мексико го отфрлија обвинението за убиство од небрежност против него во фаталното пукање во октомври 2021 година во кое беше убиена кинематограферката Халина Хачинс.Снимањето на нискобуџетниот вестерн започна минатата недела во Монтана. Болдвин во понеделникот на Инстаграм потврди дека е на снимање. "Сега сум надвор од Bozeman за да го завршам Rust. Монтана е прекрасна. Ви благодариме на сите за поддршката", напиша актерот. View this post on Instagram A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta) Мелина Спадоне, адвокатка на компанијата Rust Movie Productions, потврди дека снимањето треба да заврши до крајот на мај оваа година, пренесува The Hollywood Reporter. Снимањето беше прекинато во октомври 2021 година, откако истрела пиштол што го држеше Болдвин, при што беше убиена кинематограферката Халина Хачинс и повреден е режисерот Џоел Соуза. Спадоне изјави дека снимањето ќе продолжи без никаква муниција или функционално оружје. Продолжувањето на снимањето го одобри Здружението на режисери на Америка, под услов да се зајакнат безбедносните мерки на сетот. Токму затоа двајца ветерани за заштита при работа се приклучија на продукцијата и ќе го надгледуваат целото снимање. Пристигнувањето на Болдвин во Монтана се совпаѓа со формалното повлекување на обвиненијата за убиство од небрежност против актерот. Обвинителите, на кои случајот им беше доделен во април, откако претходниот адвокат беше принуден да поднесе оставка, во поднесокот до судот напишаа дека ги повлекуваат обвиненијата „бидејќи на виделина излегоа нови докази кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа“. Во соопштението објаснуваат дека обвинението ќе може повторно да се поднесе. Судијата што го надгледувал случајот го одложил прелиминарното рочиште за 9 август, за да може обвинителите да повикаат дополнителни сведоци. Режисерот Џоел Соуза за продолжувањето на снимањето рече: „Иако тоа е горчливо слатка ситуација, благодарен сум што нов, брилијантен и посветен продукциски тим се придружува на актерската екипа за да го завршиме она што Халина и јас го започнавме“. Сопругот на Халина, Метју Хачинс, кој работи како извршен продуцент на филмот, преговара за документарен филм за животот и делото на починатата кинематограферка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook