ЖивотПо грешка ѝ уплатиле милиони, почнала да ги троши, а сега ќе оди 20 години во затворАвстралјанката Теваманогари Манивел од Мелбурн требало да добие поврат од 100 долари од платформата за размена на криптовалути Crypto.com во мај минатата година, но на нејзината сметка по грешка ѝ биле уплатени 10,4 милиони долари, пишува Дејли меил.Откако ја видела сумата, таа наводно почнала лежерно да ги троши парите, делејќи им ги на бројни пријатели и членови на семејството, вклучувајќи ја и нејзината сестра Тилагавати Гангадори. Австралијката дури ѝ купила на својата сестра вила вредна 1,35 милиони долари со четири спални соби, четири бањи, домашна теретана и кино. Сепак, по седум месеци од нејзиниот нов раскошен начин на живот, рутинската ревизија на Crypto.com открила што се случило. Откако компанијата започнала правна постапка во февруари оваа година, Врховниот суд на државата Викторија пресудил во корист на Crypto.com во август. Според приложените документи, евидентно било дека Crypto.com побарал враќање на парите од Австралијката, но дел од тоа е потрошено за куќата на нејзината сестра, а остатокот бил префрлен на други сметки. Австралијката наводно била вмешана во друго кривично дело поврзано со финансиска измама, а двете обвиненија со кои се соочува носат максимална казна од по 20 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПадна мал авион во Грција непосредно пред слетувањето- нема преживеани Двајцата пилоти загинаа во пад на едномоторен авион во областа Контариотис во регионот Пиерија во Грција. Околностите на падот се уште се нејасни, а истражителите ја истражуваат можноста за техничка неисправност и човечка грешка. Според досегашните информации, пилотот се обидувал да слета на пистата на летачкиот клуб Контариотис кога авионот одеднаш изгубил висина и се урнал. Според извештаите на членовите на летачкиот клуб, кои разговарале со еден од пилотите само неколку секунди пред падот, немало индикации дека авионот имал технички проблеми. Според грчката телевизија ANT1, летот бил рутински и не биле пријавени никакви дефекти до падот. Авионот претходно извршил ниско прелетување, а потоа повторно добил висина за да направи свртување и да се усогласи со пистата. Авионот бил во последните фази од своето приближување пред слетувањето кога се случила несреќата. Полицијата досега завршила дел од истрагата, додека ги чека наодите на Комитетот за истрага на воздушни несреќи, кои треба да помогнат во утврдувањето на точната причина за падот. Сè уште не е познато што предизвикало авионот да изгуби висина и да се сруши.Тагови: авион грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКристијано Роналдо е суспендиран и доби неверојатна парична казна, што сам си ја одредил Кристијано Роналдо е суспендиран од Португалската фудбалска федерација на 30 дена и казнет со „астрономска сума“ од 255 евра.Причината, секако, е неговото заминување од кампот на репрезентацијата пред натпреварот против Данска. За да биде работата уште побизарна, самиот Роналдо ја предложи казната што федерацијата (секако) ја усвои. Ова е навистина бизарен исход од целата ситуација што става крај на случајот и проблемот Роналдо и Жесус. Значи, еден од најголемите играчи на сите времиња повторно ќе игра за португалската репрезентација. Роналдо демонстративно го напушти кампот на репрезентацијата, наводно поради несогласувања со тренерот Жесус. Тој не сакаше да се врати додека тренерот не се извини, што не го стори, но сепак одлучи да ја отслужи казната и покрај извинувањето и да се врати во репрезентацијата со која го освои Европското првенство и Лигата на нации.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаМекларен продава пет функционални Ф1 болиди Mclaren одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција.Мекларен одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција, вклучувајќи автомобили поврзани со Аиртон Сена, Луис Хамилтон, Џенсон Батон и Ландо Норис. Еден од нив го возел холивудскиот актер Бред Пит. Најзначаен е McLaren од 2023 година, кој Норис го возеше во Формула 1 и кој Пит го тестираше на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин минатиот јуни, како дел од подготовките за филмот „Формула 1“. Според Ројтерс, Пит достигнал брзина од 317 км/ч во тој автомобил. Тоа е најмодерниот автомобил од Формула 1 што му е понуден на приватен купувач. „Тие се направени за возење“ Два McLaren MP4/6A од 1991 година се исто така на продажба. Тие беа возени од Герхард Бергер, додека Аиртон Сена ги тестираше во текот на сезоната во која ја освои својата трета титула. MP4/27A од 2012 година, управуван од Џенсон Батон и тестиран од Луис Хамилтон, е исто така на продажба, како и автомобилот на Норис од 2021 година. Болидите ќе ги продава специјализираниот дилер Том Хартли Џуниор, а Мекларен ќе ги подготви за возење пред да им ги предаде на нивните нови сопственици. Шефот на Мекларен Рејсинг, Зак Браун, објасни дека не сакаат ваквите автомобили само да стојат во складиште. „Овие автомобили се изградени за возење и трки. Сакаме да се користат и да се ужива во нив“, рече Браун.Тагови: болиди Мекларен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook