По 20 години потрага, ја пронашол мајка си, не знаел дека работеле во иста болница - Канал 5

По 20 години потрага, ја пронашол мајка си, не знаел дека работеле во иста болница

По 20 години потрага, млад човек од американската сојузна држава Јута ја нашол својата биолошка мајка.

По 20 години потрага, ја пронашол мајка си, не знаел дека работеле во иста болница

Бенџамин Хулберг (21) пред неколку месеци на Фејсбук напишал дека се обидува да најде биолошка мајка и дека контактирал со агенции за посвојување, направил ДНК тестови и се запишал во регистарот на посвоеници, но дека сето тоа било неуспешно.

Потоа добил порака од Холи Ширер (36) во која му го честита роденденот. Бидејќи не се познавале, Ширер му објаснила дека пред 20 години ја донела „најтешката одлука во животот и го дала своето прекрасно бебе на посвојување“.

"Секогаш мислев на него. Особено на празници или на неговиот роденден, секогаш беше виор од емоции", изјави Холи за „Добро утро, Америка“.

Таа го родила Бенџамин како тинејџерка, а првите неколку години одржувала контакт со Анџела и Брајан Хулберг, кои го посвоиле Бенџамин. Сепак, тие изгубиле контакт во 2004 година, кога агенцијата која посредување при посвојувањето се затворила.

Таа за медиумите изјавила дека конечно го пронашла на социјалните мрежи, кога Бенџамин имал 18 години. Таа признава дека се двоумела дали да стапи во контакт со него: "Толку многу се случувало во неговиот живот во тоа време... Последното нешто што сакав беше да го вознемирувам. Така, некое време само го гледав од далечина".

Бенџамин, пак, рече дека точно се сеќава на моментот кога ја примил нејзината порака со објаснување. Тој реагирал многу емотивно: "Плачев. Сите емоции беа позитивни. Тоа беше ден кој го чекав 20 години и беше неверојатно кога сфатив дека ова навистина се случува".

Тие се сретнале веќе следниот ден, а со нив биле и нивните семејства. Холи раскажала како првпат ги запознала Анџела и Брајан и дека Бенџамин дошол по неколку минути: „Ме допре по рамото и веднаш ме обзеде радост. Се гушкавме и плачевме пет минути, не можев да верувам дека тоа се случува. "

Во разговорот сфатиле дека навистина не биле физички оддалечени еден од друг. Имено, Холи е вработена во болница во Солт Лејк Сити, а Бенџамин волонтирал во таа болница во последните две години. „Секој ден поминував покрај одделот каде што тој волонтираше. Се паркиравме во иста гаража, можеби на истиот кат, немав поим дека всушност сме биле толку блиску“, рече Холи Ширер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот Исени прими висока делегација од Полска

Заменик-министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени денеска (02.09.2026) во Скопје прими висока делегација од Министерството за внатрешни работи и администрација на Република Полска, предводена од заменик-министерот Мациеј Дузчук.

Заменик-министерот Исени прими висока делегација од Полска

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, Н.Е. Мариуш Брумора.

На средбата, на која учествуваа претставници од повеќе области од двете министерства, беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста, со посебен акцент на миграцијата, борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе, како и зајакнувањето на институционалните и оперативните капацитети.

Исени истакна дека искуствата на двете земји во справувањето со современите безбедносни предизвици се добра основа за развивање конкретни заеднички иницијативи и проекти.

Двете страни изразија подготвеност за натамошна размена на искуства и добри практики и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

Во рамки на посетата, полската делегација вчера (01.09.2026) оствари работна посета и на Полициската академија. При посетата, делегацијата беше запознаена со работата и тековните реформи во областа на полициското образование и обуките, при што беше истакната подготвеноста за интензивирање на соработката и размена на искуства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4%

Мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да изнесува некаде помеѓу 3,5 и 4% проценти.

„Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови.

„Впрочем затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!

Фиат Арго достигна важна продажна пресвртница на бразилскиот пазар, каде што се продадени повеќе од 700.000 единици од овој модел од неговото лансирање.

Успешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!

Арго е моментално четвртиот најпродаван автомобил во Бразил, со продадени повеќе од 54.000 единици од почетокот на 2026 година. Моделот е меѓу десетте најпродавани нови автомобили на најголемиот пазар во Јужна Америка повеќе од четири години.

Овој модел беше лансиран во Бразил во 2017 година како замена за Фиат Пунто, и оваа година се покажа добро. Само во јули 2026 година, беа продадени 8.612 единици, што го сместува меѓу петте најпродавани автомобили во Бразил во текот на тој месец.

Во текот на изминатите три години, Арго е втор најпродаван модел на Фиат на бразилскиот пазар.

Дел од програма за поефикасни возила

Фиат Арго е вклучен и во владината програма на Бразил за 2025 година за возила што ги исполнуваат одредени критериуми за ефикасност. Според програмата, автомобилите што ги исполнуваат барањата можат да добијат пониски даночни стапки.

Тековната гама на модели на Арго вклучува четири верзии, а карактеристиките вклучуваат безжична поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, дигитална автоматска контрола на климата, сензори за паркирање одзади и систем за влегување и стартување без клуч.

Доаѓа Арго X

Фиат потврди дека ќе го лансира Арго X во наредните месеци. Се очекува новиот модел да се продава заедно со постоечкиот Арго, наместо веднаш да го замени.

Директорот на брендовите Фиат и Абарт за Јужна Америка, Фредерико Батаља, изјави дека резултатот од продажбата од 700.000 возила ја потврдува важноста на Арго на бразилскиот пазар.

Според него, моделот привлекува клиенти уште од своето лансирање со својата комбинација од ефикасност, практичност и конкурентна цена, а Фиат очекува неговиот успех да продолжи и по пристигнувањето на новиот Арго X.

Со повеќе од 700.000 продадени единици и повеќе од 54.000 продадени возила само во 2026 година, Фиат Арго останува еден од клучните модели на италијанскиот производител во Бразил, каде што наскоро ќе му се придружи и новиот Арго X.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер