Плишкова и Кербер во женското финале на УС Опен - Канал 5

Плишкова и Кербер во женското финале на УС Опен

Каролина Плишкова (10.носителка) од Чешка и Анжелик Кербер (2.носителка) од Германија ќе играат во саботното женско финале на УС Опен во Њујорк.

Плишкова и Кербер во женското финале на УС Опен
Ноќеска двете тенисерки ги совладаа своите ривалки во полуфиналните мечеви.

Изненадувањето го направи Плишкова, која ја победи првата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (7:5)). За Плишкова ова е најдобар резултат на Грен слем турнир бидејќи досега успеваше да стигне само до 3.коло.

Кербер во второто полуфинале со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) ја победи Каролине Вознијачки и се избори за своето трето Грен слем финале (сите во 2016 година). Победи на Австралија Опен, а загуби на Вимблдон. Без разлика на исходот во финалето Кербер од понеделник ќе биде тенисерка број 1 на ВТА листата.

Вечерва се играат машките полуфинални мечеви Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис и Стан Вавринка – Кеи Нишикори. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција

 Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме.

Директорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција

Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината.

При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата.

Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници.

Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Преку европскиот мировен фонд АРМ доби воена вресна над 40 милиони евра. 

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Презентацијата беше денека во касарната Илинден каде што имаже и показна вежба на припадниците на аримијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Викендов стабилно време, следнате недела повторно нестабилно

Од УХМР најавуаат дека барем во викендов ќе имаме стабилизација на времето.

УХМР: Викендов стабилно време, следнате недела повторно нестабилно

Сепак, следната недела повторно не очекуваат летни бури, проследени со поројни дожќдови и грмотевици...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер