Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотПлатиниумскиот јубилеј - 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета ВтораОваа година одбележуваме 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет.Британската амбасада во македонија го одбележа Платиниумскиот јубилеј - 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора Таа е и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски. Како дел од прославата, Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за да ги прославиме врските на пријателство, разбирање и почит помеѓу Обединетото Кралство и Македонија. Британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј одржа говор, поздравувајќи ги претседателот, премиерот и заменик-претседателот на собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Македонија. Амбасадорката Галовеј рече „Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ". Во продолжение целиот говор на Амбасадорката Галовеј. Почитуван господине претседател, господине претседател на влада, господине потпретседател на собрание, драги гости и пријатели на Обединетото Кралство во Македонија, Оваа година одбележуваме 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата. Кралицата која владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и која стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Таа стана и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски. Ви посакуваме добредојде на сите вас денес во оваа прекрасна градина каде што ги прославуваме врските на пријателство, разбирање и почит помеѓу Обединетото Кралство и Македонија. Чест ни е што сме домаќини на нашиот Платинест јубилеј тука. Искрено му благодарам на претседателот на Македонија, Н.Е Стево Пендаровски за пријателството што го покажа меѓу нашите земји и неговото лидерство кое ги одразува основните вредности на инклузија, демократија, меѓусебно почитување и толеранција. Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија продолжија да ги зајакнуваат и одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ. Ова ќе биде мојот последен говор за овој национален ден тука. Еден дипломатски мандат не е доволен за вистински да се запознае една земја. Нема доволно време да се постигне сѐ што може да се постигне дури и кога споделуваме исти цели, исти предизвици и грижи. Но, дури и во краткото време што бев тука, имав толку многу среќа да посведочам на навистина драматични и храбри промени. Го видов македонското знаме како гордо се вее над Молот во Лондон и гледав како Македонија станува 30-та членка на НАТО. Во текот на последните неколку недели ја видов Македонија како домаќин на 4.800 сојузнички трупи од 8 земји, предводени од глобалните сили за одговор на Обединетото Кралство - кои се запознаваа, се здружуваа, се обучуваа заедно и се подготвуваа заедно да одговорат на кризи. Оваа вежба се одржа во контекст на варварскиот неиспровоциран руски напад врз Украина и нејзиниот народ. И вечерва мислиме на народот на Украина. За да ја обезбедиме безбедноста и одбраната на сите наши сојузници, треба да продолжиме да работиме заедно за да се осигураме дека европската стабилност не може и нема дополнително да биде поткопана. Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија и да ја приближува до посигурна, постабилна и попросперитетна иднина во срцето на евроатлантската заедница. Јас посведочив на клучни промени во насока на создавање на поинклузивно општество. За време на мојот мандат тука, работевме заедно за да се осигураме дека сега нема да има деца под 18 години кои живеат во институции. Ги посетив малите семејни домови и системот за згрижување изградени за поддршка на највиталниот ресурс на земјата - нејзините деца. Пред три години, заедно марширавме додека Скопје беше домаќин на првиот, а потоа и вториот марш на гордоста. Соработувавме со цела низа организации и партнери кои се посветени на градење на поинклузивно, попрогресивно и потолерантно општество. Работиме со млади луѓе за да им покажеме дека имаат иднина тука, преку УНИЦЕФ во креирањето на платформата за онлајн учење Едуино, преку Националниот младински совет и формирањето на МладиХаб центри со цел да им помогнеме на младите да постигнат економска независност и преку Фондацијата за демократија Вестминстер со цел да ги разбераеме нивните желби и потреби. Тие сакаат да живеат во инклузивна земја. Оваа промена се случува. Видов како Македонија е лидер во регионот и носи тешки одлуки за климатските промени и животната средина. Во текот на изминативе 18 месеци, а пред ЦОП26 во Глазгов, минатиот ноември, работевме непосредно, заедно подигајќи ја свеста за многу реалните и сурови проблеми со кои се соочуваме околу климатските промени. Развивме енергетска стратегија која е понеопходна од кога било со оглед на нашите енергетски предизвици. Претседателот Пендаровски беше гласен застапник на климатските и еколошки прашања и ми беше задоволство што како домаќини го пречекавме, заедно со нашиот близок пријател министерот Нуредини, на ЦОП26. Работевме со млади луѓе ширум земјата кои се мотивирани и кои сакаат да видат вистинска промена. Работевме со модната и текстилната индустрија на одржлива мода. Ја започнавме нашата иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ и заедно со претседателот Пендаровски неодамна го засадивме 70-тото дрво во оваа градина. Денеска сум многу задоволна што ја започнувам нашата поголема иницијатива за садење дрвја, во рамките на која што ќе работиме заедно со Агенцијата за шумарство и бизнисите во поддржување на пошумувањето во големи размери во областите на Македонија каде што е најпотребно. Задоволство ми е што можам да кажам дека веќе добиваме одличен одзив од бизнисите, од кои некои се тука денес, вклучувајќи ги Алкалоид, Куехне Нагел, Порше, Шпаркасе банка и Универзал Груп. Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети. Македонија во моментов е домаќин на најголемата фабрика на Џонсон Мети во Европа, најуспешната директна странска инвестиција во земјата. Поради оваа причина, особено сум воодушевена што главниот оперативен директор на Џонсон Мети Милиса Фланаган и нејзиниот тим денеска можеа да ни се придружат и им се заблагодарувам што ја спонзорираа денешната прослава. Како водечки светски рециклатори на метали од Платинум груп, се чини дека е соодветно Џонсон Мети да биде непосредно вклучен во нашите прослави на платинестиот јубилеј, особено овде, каде што Џонсон Мети игра толку важна улога во нашата деловна заедница. За четири недели ќе ја напуштам оваа земја. Ќе ми недостига политиката – работата, можноста да работам во земја која сака и работи за промени, и која ја разбира вредноста на некои работи кои можеби другите ги земаат здраво за готово. Фантастичниот тим на Амбасадата, кој отсекогаш неуморно ме поддржуваше во испорачувањето на резултати за нивната и мојата земја. Но, во еднаква мера, мене и на моето семејство ќе не недостигаат луѓето, планините, тивката гордост и уште многу други работи. Од една страна е работата, а од друга страна живот. Работата беше добра овде, но и животот беше добар. Заминувам знаејќи дека тука се случи промена. Добра промена од која нема враќање назад. И заминувам, но кога ќе се свртам и ќе погледнам преку рамото, знам дека ќе се вратам. Можеби не како дел од мојата работа, туку затоа што не може човек да живее во оваа земја и да не се заљуби. А сега, во чест на нејзиното Величество, здравица за „Кралицата“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 24. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 24. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21