Платформата на граѓански организации: Потребни се системски реформи за безбеден живот - Канал 5

Платформата на граѓански организации: Потребни се системски реформи за безбеден живот

Пожарите во Кочани и во модуларната болница во Тетово, автобуските несреќи на „Беса Транс“ и кај Ласкарци се катастрофи кои според Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата имаат нешто заедничко – институционални пропусти.

Платформата на граѓански организации: Потребни се системски реформи за безбеден живот

Пожарите во Кочани и во модуларната болница во Тетово, автобуските несреќи на „Беса Транс“ и кај Ласкарци се катастрофи кои според Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата имаат нешто заедничко – институционални пропусти, корупција и неказнивост, кои како што велат, длабоко ја нарушиле довербата на граѓаните во институциите. Излегоа со повеќе барања до надлежните институции.

-ЈО мора да спроведе темелна, независна и професионална истрага која ќе ги опфати сите инволвирани лица. Тие направија прв добар чекор со она нивно првично соопштение кое беше навистина темелно и детално и објавија дека имаат план на работа, па оттука очекуваме дека треба да се придржуваат до ваквите нивни планови.Дарко Аврамовски –Платформа за борба против корупција.

-Од горе надоле секој треба да сноси одговорност за постапувањето или пак за не постапувањето во рамки на своите надлежности. Од онаа најниската пред се дисциплинска, прекршочна, кривична, морална, административна и на крај политичка соодветно на тежината на пропустот.Снежана Камиловска – Трповска - Платформа за борба против корупција.

Истовремено, од Платформата бараат и ревизија на постапката за издавање на дозволи и лиценци, зголемување на бројот на инспектори, но и проверка на нивната стручност и политичка независност. Апелираат теренските проверки да не бидат само административна постапка, туку темелни и ефикасни.

-Очекуваме дека ќе се идентификува реалната неусогласеност, не само формалната, дека не само што ќе се стават времено објектите или дејностите во мирување додека не се усогласат, туку и за сите оние што сега ќе се утврди дека се неусогласени тие и ќе се казнат заради тоа што континуирано не ги почитувале правилата.Миша Поповиќ – Платформа за борба против корупција.

Од Платформата во наредните недели најавија дека ќе објават „Бела книга“ во која ќе се најдат долгогодишните неисполнети барања за унапредување на системот од граѓаните, граѓанските организации и движења кои ќе бидат доставени до надлежните институции, придружени со акциски план и соодветни рокови за нивно остварување..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ: Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ упати охрабрувачка порака до навивачите на ЛА. Лејкерс. 

Лука Дончиќ:  Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав

Лос Анџелес Лејкерс влегуваат во нова ера почнувајќи од 2026 година, бидејќи повеќе не можат да сметаат на Леброн Џејмс. Тоа значи дека Лука Дончиќ сега официјално е клучниот играч и целата франшиза зависи од неговиот учинок – голема чест за словенечкиот ас.

Кога уживате во таква доверба и почит, притисокот е огромен бидејќи навивачите имаат високи очекувања; пред почетокот на новата сезона, тие добија охрабрувачка порака од својот херој.

„Направив пауза од кошарката неколку недели по завршувањето на сезоната за да му дозволам на телото да се опорави. Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав. Оддалечувањето од кошарката е нешто што сакам да го правам секое лето кога сезоната не е во полн ек. Уживам да правам различни работи и тоа ми одговара. Кога ќе си дозволам да почувствувам недостиг од кошарката и да пробам нови работи, се враќам уште погладен за игра и помотивиран“, изјави Лука Дончиќ.

Според словенечките медиуми, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на Лос Анџелес Лејкерс во својата татковина, каде што тимот ќе одржи четиридневен тренинг-камп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и Вучиќ

Иван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија.

СДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и Вучиќ

Не ни смета Србија.

Ни сметаш ТИ.

Ни сметаш затоа што ги застапуваш руските интереси во земја членка на НАТО.

Ни смета што славиш со Ноќните волци на Путин.

Ни смета српски министер кога се изјаснува како четник - Никола Селаковиќ a ти славиш со него и со Додик, и со главните европски промотори на анти-ЕУ политики.

Ни смета што си близок со Гашиќ, поранешен директор на БИА, министер за полиција, сега министер за одбрана на Србија - човек поврзан со аферата „5 тони дрога“ и кој Македонија ја гледа како српска територија.

Ни сметаш затоа што соработуваш со Милош Вучевиќ, претседател на СНС, и организираш контра-митинзи против младите во Србија - во Куманово.

Ни сметаш затоа што си со Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија и бизнис-партнер на Мицкоски, кој отворено вели дека Македонија е „окупирана српска територија“.

Ни сметаш ТИ и Латас - затоа што и двајцата работите за БИА.

Ни сметаш затоа што сме членка на НАТО и кандидат за ЕУ, а ти ја пропагираш Кина.

Ни сметаш ТИ и Ивона Талевска - затоа што заедно со Латас ја организирате лиценцата на Вучиќ за Euronews и српските медиуми од Ало групата (Информер и слични) за тотален медијумски мрак.

Ни сметаш ТИ, кој ги застапуваш интересите на Алта банка, банка во сопственост на браќата Вучиќ. Банка што служи за перење пари на СНС и ВМРО-ОКГ. Банка што е под истрага во ЕУ поради потеклото на парите. Банка што служи за финансирање на 40% од медиумската мрежа на Орбан во Македонија, која е во служба на пропаганда по моделот на Гебелс, а во служба на ВМРО-ОКГ.

Ни сметаш затоа што работиш против Македонија, а во корист на „српскиот свет“ на Вучиќ и Русија.

Ни сметаш затоа што за прослава на Свети Сава донесе фашисти - историчари од Србија да држат говори.

Ни сметаш затоа што за Илинден носиш министри како Немања Старовиќ, министер за ЕУ интеграции, кој јавно ги изнесува своите анти-ЕУ ставови и ја поддржува кампањата против Европа.

Ни сметаш и заради министерката Снежана Пауновиќ од СПС – партија на Милошевиќ што ја пропагира политиката од деведесеттите, војните и етничките чистења - додека ти си министер во Влада во која има и национални малцинства.

Токму таа министерката која пред две недели изјави дека, доколку била на местото на Милошевиќ, би спровела етничко чистење на Косово.

Нам не ни сметаат Србите.

Србите се наши драги сограѓани, наши соседи, наши пријатели и дел од оваа држава, како малцинство.

Ни сметаш ТИ и твоите соработници од организираната криминална група ВМРО.

Ни сметаш ТИ и Мицкоски - затоа што ја блокирате Македонија и нејзината европска иднина.

Србија не е Вучиќ.

Српската напредна странка не се Србите. Тоа е само дел од вашата криминална организација - балканскиот картел.

А ти ни сметаш затоа што си дел од тоа.

Скопје, 05.08.2028

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер