АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје
Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
1АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје
2Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
3Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
Автомобилизам„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија. „BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“. „BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел. За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаАКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во СкопјеНе била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи. Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува. Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени. Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград. Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени. Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија. Еве го изводот со информации од Централниот регистар: Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија. Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје. Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време. Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија. Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра. Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО. Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски. Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо? Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност? Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка. Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни паровиИзминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година. Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година. Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година. Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен. Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра. Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот. Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање. Почитувани, Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја. Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39