Пластичен хирург ,,си направил” идеална жена , па се оженил со неа (ФОТО)

Пластичниот хирург Дејвид Метлок ја создал совршената жена, а потоа и предложил брак на првиот состанок.

Вероника ја посетила ординацијата на пластичниот хирург Дејвид Метлок за да направи вагинопластика по раѓањето на нејзината ќерка.

Тој и предложил да направи повеќе процедури што доаѓаат во пакет наречен „Преуредување на преубава жена “.

Вероника се согласила и се подложила на операција за кревање на задникот , вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете и инјектирала ботокс на лицето.

„Таа се определи за сè што и предложив… Дури и брак“, раскажал подоцна Дејвид.

Вероника се шегувала дека сега е рекламен билборд за работата на Дејвид.

И докторот отиде под нож, вбризгувајќи си импланти во бицепсот, трицепсот , во листовите на нозете и на плочките на стомакот.

#nobumalibu

A post shared by Veronica Matlock (@veronicamatlock) on

Вероника тврди дека нејзиниот сопруг ја сакал уште пред операциите.

,,Знам дека Дејвид ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија, тежев десетина килограми повеќе, и тој рече дека тоа е љубов на прв поглед “, заклучи таа.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер