3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
Шоу бизПласидо Доминго има коронавирус Оперскиот пејач, Плацидо Доминго, е позитивен на коронавирус."Чувствувам дека е моја морална должност да ви кажам дека тестовите покажаа дека сум позитивен за КОВИД-19, коронавирусот. Моето семејство и јас сите сме во самоизолација се додека е медицински неопходно. Во моментов сме сите во добра здравствена состојба, но имав некои симптоми, треска и кашлица, па решив да се тестирам и резултатот беше позитивен. Барам сите да бидат исклучително внимателни, да ги следат основните упатства, честопати да ги мијат рацете, да останат подалеку од другите и да направат се што е во нивна моќ да го запрат ширењето на вирусот, а пред сè - да останете дома ако можете! Заедно, можеме да се бориме против овој вирус и да ставиме крај на сегашната светска криза за да можеме да се вратиме во нашите секојдневни животи многу брзо. Следете ги упатствата и прописите на локалните самоуправи да останете безбедни и да се заштитите не само себе, туку целата заедница “, напиша легендарниот музичар на својот Фејсбук профил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter