Пласидо Доминго им се извини на своите жртви , па сега се премисли - Канал 5

Пласидо Доминго им се извини на своите жртви , па сега се премисли

Откако им се извини на сите жени кои го обвинија за сексуално вознемирување во САД пред три дена , шпанскиот оперски пејач Плисидо Доминго (79) нагло се премисли затоа што поради извинувањето му биле откажани неколку настапи , пишува „Гардијан“.

Пласидо Доминго им се извини на своите жртви , па сега се премисли

Доминго во вторникот рече дека сака жените кои го обвинуваат за сексуално обвинување да знаат дека му е навистина жал за страдањата што им ги предизвикал. „Прифаќам целосна одговорност за моите постапки“, додаде поранешниот тенор, кој се префрли меѓу баритоните во раните 2010-ти.

Но, Доминго сега изјави дека неговите зборови не биле точно разбрани. „Чувствувам дека треба да дадам друга изјава за да го поправам погрешниот впечаток од извинувањето“, рече 79-годишникот.

Најмалку 20 жени го обвинија Доминго за насилно бакнување, фаќање и галење, а неговото однесување датира од осумдесеттите години на минатиот век. Американското здружение на музички уметници (АГМА) во вторникот соопшти дека нивната внатрешна истрага покажала дека пејачот се однесувал на „неподнослив начин“.

Доминго изјави дека се повлекува од операта во Лос Анџелес, каде беше директор во театарот „Театро реа“ во Мадрид.

„Знам што не сум направил и повторно ќе одречам. Никогаш не сум постапувал агресивно против некого и никогаш не сум запрел нечија кариера“, рече тој.

"Моето извинување беше искрено и доаѓаше од длабочините на моето срце. Им се извинив на сите мои колешки кои можеле да бидат повредени од моите зборови или постапки на кој било начин. Како што покажав многу пати досега, никогаш не ми беше намерата да повредам или навредам некого. "

И додека со овој скандал експресно заврши кариерата на Доминго во САД, неговата европска репутација не претрпе толку голема штета. До оваа недела. Поточно, шпанското Министерство за култура откажа два од настапите на Доминго, закажани за мај во Мадрид.

„До сега ситуацијата беше поинаква затоа што имаше претпоставка за невиност“, рече министерот за култура Хозе Мануел Родригез Урибес. „Но, во моментот кога тој рече што навистина се случило - и зборуваме за сериозни инциденти во кои се вклучени многу жени - решивме дека не можеме да работиме со него и му го кажавме тоа“.

По извинувањето , на Доминго му биле откажани уште неколку ангажмани во Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази

Романските власти објавија дека уапсиле руски државјанин обвинет за собирање стратешки информации за саботажни операции во земјата-членка на ЕУ и НАТО од февруари до јули.

Во Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази

Романската разузнавачка служба во соопштението наведува дека „во соработка со домашни и меѓународни партнери спречила“ операција „координирана од Русија“, следејќи го моделот што се гледа во Европа.

Четириесетгодишниот шпион е осомничен за фотографирање и снимање опрема во неколку поморски и воздухопловни бази што ги користат сојузниците на Романија, особено во главниот град Букурешт.

Тој ги документирал движењата на персоналот и борбената опрема, вклучувајќи ги и „украинските товарни авиони Антонов“.

Според соопштението од обвинителството, кое побарало негово апсење, рускиот државјанин дејствувал по наредба на друго лице кое ги координирало операциите преку шифрирани услуги за пораки.

Романските власти изјавија дека веќе спречиле слични обиди во 2024 и 2025 година. Европската унија го осуди зголемениот број руски хибридни напади на почетокот на септември. Москва постојано негира вмешаност во овие операции.

Од друга страна, молдавската полиција објави дека 49-годишен маж од азербејџанско потекло е приведен поради сомнение за „неовластено собирање информации во име на претставници на специјалните служби на Руската Федерација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зејнеп има 22 години и стана главен тренер на турски фудбалски клуб (ФОТО)

Турскиот фудбал доби една од поинтересните приказни во последните денови. 

Зејнеп има 22 години и стана главен тренер на турски фудбалски клуб (ФОТО)

Тургутлуспор, клуб од градот Тургутлу во покраината Маниса, ја назначи 22-годишната Зејнеп Местан за тренер на првиот тим. Со тоа, Местан стана првата жена на клупата на сениорскиот тим во историјата на тој клуб.

Иако е клуб кој денес игра во пониските рангови на турскиот фудбал, Тургутлуспор има побогата историја отколку што може да се заклучи од неговиот сегашен статус. Клубот е основан во 1984 година со спојување на Топракспор и Тукашспор, а својот најголем успех го постигна во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите. Во неколку наврати, тој играше во втората лига на турскиот фудбал, тогашната ТФФ 1. Лига, и беше блиску до влегување во највисоката лига.

Тургутлуспор е стабилен член на професионалните лиги со години, но во последните години доживува тежок пад. По испаѓањето од професионалниот фудбал и борбата со финансиски проблеми, клубот заврши во аматерските редови, а минатата сезона доживеа историски пад во Маниса Супер Аматоер Лиг, шестата ранг-лига во турскиот фудбал.

Прва голема тренерска работа

Во обид да се направи нов почеток, клубот одлучи да ѝ даде можност на многу млад тренер. Местан е родена во 2004 година, а пред да ја преземе улогата на тренер, таа беше активна фудбалерка. Настапуваше за неколку женски аматерски клубови во Турција, меѓу другите за тимови од Измир и околината.

„На Зејнеп Местан, која ќе ја предводи новата структура и професионална организација на нашиот клуб, ѝ посакуваме многу успех под нашиот црвено-црн грб. Се надеваме дека овој нов период ќе донесе добро за нашата заедница, клубот и сите наши навивачи“, објави Тургутлуспор по нејзиното назначување.

Ова ќе биде првиот голем тренерски предизвик на Местан, а пред неа е задачата да го врати клубот во професионалните лиги. Тургутлуспор имал неколку познати играчи и тренери во својата историја, вклучувајќи го и поранешниот турски репрезентативец Јусуф Шимшек, кој го водеше клубот како играч-тренер на почетокот на 2010-тите.

Нејзиното назначување привлече внимание бидејќи жените во машкиот фудбал се уште се реткост, особено на позицијата главен тренер на сениорскиот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски.

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски за неширење на нуклеарно оружје, соопштија денес дипломати.

Оваа резолуција е продолжение на претходната, изгласана на 12 јуни минатата година, еден ден пред Израел да започне со бомбардирање на нуклеарните постројки на Иран, по што набрзо потоа следеа и САД, и која утврди дека Иран не ги почитува гореспоменатите обврски. Пријавувањето на тоа кршење до Советот за безбедност бараше дополнителна резолуција.

Иако Советот за безбедност веројатно нема да преземе конкретни мерки против Иран, со оглед на тоа што неговите сојузници Русија и Кина се постојани членки со право на вето, овој потег е чекор напред во дипломатскиот конфликт меѓу Иран и западните сили. Иран предупреди завчера дека ќе возврати доколку резолуцијата биде прифатена.

Русија, Кина и Нигер гласаа против

Текстот предложен од САД, Велика Британија, Франција и Германија беше усвоен со 23 гласа „за“, три „против“ и осум „воздржани“, изјавија дипломати на состанокот зад затворени врати на Меѓународната агенција за атомска енергија. Русија, Кина и Нигер гласаа „против“, рекоа тие.

„(Комитетот) бара од генералниот директор на МААЕ да ја извести оваа резолуција и претходно усвоените резолуции... до сите членови на Агенцијата, Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации, во согласност со релевантните одредби од Статутот на МААЕ“, се вели во резолуцијата.

Иако наводното непочитување датира од пред војната меѓу САД и Иран и се однесува на неуспехот на Иран да го објасни потеклото на трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации што агенцијата ги истражува со години, сега постои нов конфликт околу пристапот на агенцијата (МААЕ) до тие локации што Израел и САД ги бомбардирале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер