3Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ЗабаваПикник – промоција на „Здраво Скопје" Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје. Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон. „Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Експлозија во руско-кинески комплекс вреден 10 милијарди долариЕден кинески работник загина, а повеќе од сто други се повредени во пожар што избувнал денес во Гасно-хемискиот комплекс „Амур“ (AGCC) на рускиот Далечен Исток. Компанијата ја потврди оваа информација. Комплексот „Амур“, лоциран во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект вреден 10 милијарди долари меѓу рускиот петрохемиски гигант „Сибур“ и кинеската државна компанија „Синопек“. В Амурской области произошёл хлопок и началось возгорание на Амурском газохимическом комплексе возле поселения орков Свободный, у границы с Китаем. Его строят СИБУР и китайская Sinopec. Здесь собирались производить до 2,7 млн тонн полиэтилена и полипропилена в год. pic.twitter.com/Hn0Qck9k7X — распад и неуважение (@VictorKvert2008) August 25, 2026 Објектот е проектиран да стане еден од најголемите погони за производство на полимери во светот, а во моментот на несреќата се спроведуваа завршни испитувања. Почетокот на работата беше планиран за 2027 година. Според официјално соопштение, пожарот избувнал во помошен дел од постројката за пиролиза, но главната опрема не била оштетена. Деветнаесет работници биле хоспитализирани со повреди кои се движеле од умерени до тешки. Уште 104 работници добиле медицинска помош за полесни повреди, како што се исеченици и нагмечувања. A massive explosion and fire hit Russia’s Amur Gas Chemical Complex during commissioning works ahead of its planned launch. One worker has died, 19 were hospitalized and another 104 received medical treatment. The blast occurred around an auxiliary section of the pyrolysis unit.… pic.twitter.com/6lYOi5AQxt — Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) August 25, 2026 Компанијата исто така потврди смртен случај на својата веб-страница. „И покрај брзата медицинска помош, еден повреден работник – кинески државјанин ангажиран од подизведувач – не преживеа“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДиректорот Гоце Димовски во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ КичевоВо рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево.Во рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде беа остварени средби со приватниот партнер Нормак, менаџментот на компанијата Џаво Отомотив и менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс. Во ТИРЗ Тетово, директорот Димовски оствари средба со генералниот директор на Нормак, Александар Зарков, при што беа разгледани тековните активности во зоната, можностите за понатамошен развој на инфраструктурата, како и мерките за подобрување на условите за работа. По средбата со Нормак, директорот Димовски се сретна и со менаџментот на Џаво Отомотив. На средбата беа разгледани тековните активности поврзани со реализација на инвестицијата, како и следните чекори во развојот на компанијата во рамки на ТИРЗ Тетово. Посетата продолжи во ТИРЗ Кичево, каде директорот Димовски се сретна со менаџментот на Џојсон Сејфти Системс. На средбата се разговараше за досегашното работење на компанијата, тековните активности и плановите за понатамошен развој. Притоа, беа разгледани и можностите за дополнителна поддршка од страна на Дирекцијата во насока на олеснување на работењето и реализација на идните развојни планови на компанијата. Денешната посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево е дел од континуираната определба на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со инвеститорите и партнерите и следење на состојбите на терен. Главната цел и натаму останува навремено идентификување на потребите на компаниите, унапредување на условите за работа и создавање предуслови за нови инвестиции и отворање нови работни места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГерманија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во ЛајпцигЕксплозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook