Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар - Канал 5

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар

СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар и покажуваат дека за граѓаните ич не им е гајле.

Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар

Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат.

СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки.

Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото село Сливник водата е неисправна. И замислете, презентираат стар извештај.

Добронамерно ги советуваме, да се освестат и да прекинат да шират лаги и паника и да се погледнат себе си.

Зошто? Затоа што тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.

Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично.

А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните.

Сепак, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и соодветно за да ги заштити граѓаните, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер