Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност
1Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност
3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
МакедонијаПетрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмориФилипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори и ширењето лаги и паника кај граѓаните.СДС и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција. Претседателот на СДС, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на СДС си поиграа дури и со здравјето на граѓаните. Надлежните институции веднаш реагираа, ја демантираа веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започна истрага кој е креаторот на хаосот и паниката. Институциите се на потег за расчистување на случајот. За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДС на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети. Ширењето на лаги и крерање на атмосфера на паника и хаос, како и одење на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност. Филипче и СДС треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДС треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само на нив. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилностОктомври е најуспешен месец досега во однос на користењето на платформата за интероперабилност. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека се реализирани рекордни 20 милиони трансакции. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Тоа значи дека денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги. На порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември. Во овие 30 илјади трансакции, предничат услугите достапни преку мобилната апликација m.Uslugi. “- изјави Андоновски пред 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што се одржува во Скопје. Оваа недела министерот очекува да се пушти и втората верзија на апликацијата со дополнителни подобрувања. „Ова е само почеток. Јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот. Ме радува што повеќе од 30.000 наши сограѓани веќе ја препознаа апликацијата и се нејзини корисници. Тоа се одразува и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе значајно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ - потенцира Андоновски. За посетата на Бон, каде што беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот денеска изјави дека најголем дел од разговорите се однесувале на дигиталната трансформација и имале можност да се запознаат со искуствата на „Дојче телеком“, особено во областа на сајбер-безбедноста. „Тие располагаат со центар за сајбер-безбедност, кој ги опслужува компаниите во рамките на групацијата, но и други клиенти во Европа и светот. Правиме напори за да привлечеме вакви инвестиции и во Македонија. Знаете дека државата има удел во „Македонски телеком“, а целта е да видиме како ваквите инвестиции и знаења можеме да ги пренесеме и кај нас. Сакаме да создадеме нови компании што ќе се занимаваат со сајбер-безбедност и да им помогнеме на малите и средните претпријатија, вклучително и на учесниците на оваа конференција, да ги зајакнат своите капацитети во процесот на дигитална трансформација и да бидат безбедни и заштитени“ - изјави Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетувањеАвион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи. 🚨🇵🇱🇬🇧 BREAKING: BOMB THREAT FORCES LOT POLISH AIRLINES BOEING 737 MAX 8 TO DIVERT FROM WARSAW CHOPIN AIRPORT, TRIGGERING AN AIRPORT SHUTDOWN. Polish authorities temporarily closed Warsaw Modlin Airport following a reported bomb threat involving a LOT Polish Airlines passenger aircraft arriving from London Heathrow on November 3. ✈️ FLIGHT IDENTIFIED Flight-tracking data from Flightradar24 identifies the aircraft as a Boeing 737 MAX 8, registration SP-LVK, operating flight LO286 from London Heathrow (LHR) to Warsaw Chopin (WAW). The aircraft was diverted to Warsaw Modlin Airport (WMI), where it reportedly landed safely at approximately 10:01 a.m. local time. 181 people were on board. ⚠️ MAJOR SECURITY RESPONSE Emergency services and specialist bomb disposal teams were deployed following the security alert, prompting the temporary suspension of airport operations. Authorities have not confirmed the discovery of an explosive device, and the circumstances surrounding the reported threat remain unclear. — Apex Vanguard (@Apex_Intel24) November 3, 2026 Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин. Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“. Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво. „По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението. Dwa alarmy bombowe. B737 MAX SP-LVK @LOTPLAirlines z Heathrow przekierowany do @WMI_Airport, a drugi to A320neo SE-ROG @SAS stojący na drodze kołowania C @ChopinAirport https://t.co/F4zWy7qhBa — Piotr Bożyk (@PiotrBozyk) November 3, 2026 Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаГерасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднинатаОпштина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски. Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите. Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост. „Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски. Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook