Петмина обвинети за смртта на Лиам Пејн - Канал 5

Петмина обвинети за смртта на Лиам Пејн

Пет лица се обвинети за смртта на пејачот на „One Direction“, Лиам Пејн во Аргентина, соопштија официјални лица. 

Петмина обвинети за смртта на Лиам Пејн

31-годишниот пејач почина на 16 октомври откако падна од терасата на третиот кат во хотел во Буенос Аирес.

Гилда Мартин, менаџер на хотел, Естебан Граси, рецепционер и Роџер Норес, пријател на Пејн, беа обвинети за убиство од небрежност, соопшти аргентинското обвинителство.

Езегел Переира, исто така вработен во хотелот, и Брајан Паиз, келнер, обвинет за продажба на дрога. Обвинителството собира докази и ги презентира на судијата, кој потоа одлучува дали ќе има судење, според аргентинскиот закон. Судијката Лора Брунјард веќе одлучи дека постапката ќе продолжи во петок.

Бранителите на обвинетите можат да се жалат. Доколку нивните жалби не бидат прифатени, судењето започнува. Судијата Брунјард ги наведе обвиненијата против петмината осомничени, кои се идентификувани по нивните иницијали во судските документи, како што е вообичаено во оваа фаза од постапката.

Е. Д. П, хотелски работник, е осомничен дека му продавал кокаин на Лиам Пејн на 15 и 16 октомври. Б.Н.П, келнер, исто така е осомничен дека му продавал кокаин на Лиам Пејн на 14 октомври.

Р.Л.Н., пријател на Пејн, е осомничен за убиство од небрежност бидејќи тој наводно „не ја исполнил својата должност за грижа и помош“ на својот пријател така што „го оставил сам да се грижи иако знаел дека не може да се грижи за себе и знаел дека Пејн страдал од повеќе форми на зависност“.

Г.А.М, менаџерката на хотелот, е осомничена за убиство од небрежност, бидејќи наводно не го спречила Пејн да биде однесен во хотелската соба неколку моменти пред неговата смрт. Терасата на хотелот била „сериозна закана“ и менаџерот требало да се погрижи Пејн да биде безбеден додека не пристигне медицинската помош, според судските документи. Е.Р.Г., главниот рецепционер, исто така е осомничен за убиство од небрежност, бидејќи наводно побарал од три лица да го „влечат“ Пејн, кој не можел да стои, во неговата соба наместо да се увери дека е безбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале.

По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај.

Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација.

Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта.

Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. 

24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи

Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции.

„Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“.

Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените.

Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер