МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството - Канал 5

МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството

Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата .

МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството

Европската комисија(ЕК) во Извештајот за Македонија за 2026 година ги издвојува донесувањето на новиот Закон за органско производство, Националниот план за одржлива употреба на пестициди и Националниот план за управување со јагулата како конкретни чекори што придонесуваат кон напредокот во соодветните области.

Во делот за земјоделство и рурален развој, ЕК го нотира продолжувањето на усогласувањето на земјоделската политика со законодавството на Европската Унија и ажурирањето на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 во февруари годинава. Новиот Закон за органско производство, кој стапи во сила во март 2026 година, е посебно издвоен како придонес кон напредокот во ова поглавје.

Македонија има добро ниво на подготвеност во областите на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, оценува ЕК. Комисијата се осврнува и на започнатите активности за интегрирана заштита од штетници во два пилот-региона, натамошниот развој на фитосанитарниот информациски систем и редовното ажурирање на листата на штетни организми согласно правилата на ЕУ и состојбата во земјата.

ЕК наведува и дека Агенцијата за храна и ветеринарство спроведувала редовни ревизии на лабораториите во ветеринарството и безбедноста на храната, а во повеќето области работела согласно стандардите за управување со квалитет. Комисијата ја одобри националната програма за мониторинг за 2026 година на остатоци од ветеринарни лекови и контаминанти, која опфаќа повеќе категории производи, меѓу кои месо, млеко, јајца и мед. Воедно, во извештајот е констатирана напредна усогласеност на националното законодавство со правилата на ЕУ во областа на благосостојбата на животните.

Во рибарството и аквакултурата, ЕК бележи напредок, посебно преку усвоениот Национален план за управување со јагулата, кој утврдува мерки за нејзино зачувување и намалување на смртноста предизвикана од човечките активности. Нотирани се и продолжувањето на мерките за заштита на чувствителните видови риби, активностите за порибување со охридска пастрмка и зголемените активности за спроведување на прописите во областа на инспекцискиот надзор и контролата.

Во однос на руралниот развој, извештајот посочува на продолжувањето на спроведувањето на ИПАРД III, како и мерките преземени од националните институции, вклучително спроведувањето акциски план за подобрување на реализацијата на програмата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се фокусира на исполнување на преземените обврски и спроведување на потребните реформи, преку конкретни активности за реализација на препораките од Извештајот и редовно следење на постигнатиот напредок, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот

Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.

Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот

Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“.

Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс.

Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот.

НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале.

По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај.

Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација.

Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта.

Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер