Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканПетков: Уште едни избори ќе бидат катастрофа и загуба на историско времеБугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека ќе продолжи со обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство. Вели дека продолжува да разговара со сите членови на парламентот и очекува примерот на пратениците од Има таков народ на Слави Трифонов да го следат барем уште седум члена колку што се потребни за да обезбеди потребното мнозинство од 121 пратеник. Според него, нови избори би биле погубни и загуба на историско време. -Најважното нешто на кое сите ние сме фокусирани е да имаме 121 пратеник, од кои никој од нив да не биде зависен. Никој од нив да не ја сопира реформата во судството, да ја спречува промената во антикорупциската комисија, да можеме да го донесеме буџетот. И всушност тоа кое го видовме вчера, јас навистина сум благодарен на храброста на тие пратеници и на Радостин Василев. И сега прашањето е нивниот пример да го следат уште седум луѓе. Ако влеземе во една серија на избори, тоа би било навистина погубно и загуба на историско време.- Кирил Петков – Премиер на Бугарија Дека Петков водел разговори со пратеници кои би му се придружиле, откако Трифонов најави дека се повлекува од владејачката коалиција потврди и Радостин Василев предводникот на петмината кои одбија да ја напуштат владејачката коалиција и денеска официјално ја напуштија пратеничката група на Има таков Народ. И тој како и Петков со порака дека нова техничка Влада би била погубна за државата. -Каде се сретнавте со Кирил Петков? Јас сум се сретнал на многу места. Не, не говориме за таа средба која ја имал и со други пратеници. Во куќата, во мојот дом. Колку луѓе беа на таа средба? Осум, девет. Каква беше темата на разговор, што ви вети Кирил Петков? Ништо не ни вети, темата беше, тој сакаше да каже што се случувало во минситерството за регионален развој. Јас за разлика од некои луѓе во Има таков народ не сакам да има технички кабинет со поддршка од ГЕРБ и ДПС, и со трет мандат на ИТН како што говореше нашиот лидер вчера пред пратениците. Сакам да им кажам, почитувани колеги, пријатели и пратеници од ИТН, тоа е невозможно, општеството ќе излезе на протести. - Радостин Василев – Поранешен министер за спорт на Бугарија Василев на вчерашната прес-конференција порача дека прашањето за Македонија било злоупотребено од Трифонов, и дека вистинската причина за напуштање на коалицијата била корупцијата во министерствата под палката на Има таков народ. Дел од пратениците кои го напуштија Трифонов пак обвинуваат дека се соочувале со притисоци и закани од неговите претставници. -Имаме лидерска партија со лидер кој ние не го познаваме, но од негово име ни се кажува што треба да правиме, на секој обид да објасниме дека ние сме народни претставници дека нас народот не избрал ни се кажуваше: нема такво нешто, вие сте ништо. Слави (Трифонов) ве стави во парламентот.- Николај Радулов – Пратеник од ИТН Во меѓувреме, нема промена во бугарската политика за земјава. Шефот на државата Румен Радев уште еднаш на првиот човек на Европскиот Совет Шарл Мишел му ги потврдил ставовите на официјална Софија за земјава да добие зелено светло на самитот на ЕУ идната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 5 Попова Шапка, Маврови Анови, 6 Лазарополе, 8 Крушево, 11 Битола, 12 Претор, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тетово, Берово, 15 Скопје-Петровец, Кавадарци, Охрид, Штип, 16 Велес, Демир Капија, 18 Виница, 20 Струмица, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претежно облачно, наместа со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h. До крајот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо.Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо, објави шпанската ABC, повикувајќи се на извори во раководството на Народната партија. Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година во владата на Маријано Рахој, а по напуштањето на политиката ја презеде функцијата претседател на Фондацијата CEOE, поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во 1967 година во Хуелва и беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент многу години. ⚫⚫ #ÚLTIMAHORA | Muere en el accidente de tren Fátima Báñez, la ministra que transformó el panorama laboral Báñez viajaba en el último vagón del tren iryo 6076 que ha sido arrollado por un convoy AVE de Renfe con destino a Sevilla https://t.co/uA9VGYWeHC — El Debate (@eldebate_com) October 28, 2026 Градскиот совет на Севиља прогласи тридневна жалост Градоначалникот на Севиља, Хозе Луис Санц, исто така, го посети центарот за поддршка поставен на железничката станица Санта Хуста за да им помогне на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Урда (Толедо). Градоначалникот им понуди на семејствата сите расположиви општински ресурси „за сè што им е потребно“, вклучувајќи психолошка поддршка, сместување, транспорт и други услуги. Градоначалникот прогласи тридневна жалост за жртвите и го суспендираше својот официјален распоред. Санц објасни дека членовите на најблиското семејство отишле на местото на несреќата, а некои ги зедоа своите најблиски. Минут молк објавен низ цела Шпанија во 20 часот. Шпанската федерација на општини и покраини (FEMP) повика на минута молк во 20 часот оваа среда на влезовите на сите шпански градски собранија во спомен на жртвите од несреќата со брзиот воз во Урда (Толедо). Во соопштение објавено на социјалните мрежи, FEMP објасни дека повикува на молк „во спомен на жртвите од железничката несреќа“ што се случи утрово во Урда, каде што се судрија два воза. View this post on Instagram A post shared by Radio Red PTY | Noticias en Vivo (@radioredpty) Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија нагло се зголеми: Постојат стравувања дека има повеќе жртви Според најновите податоци, најмалку 64 лица загинаа во железничката несреќа што се случи утрово во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, според извори од регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Нејзиниот претседател, Емилијано Гарсија-Паж, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Повредени се и 80 лица, од кои 50 се сериозно.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00