Пендаровски: Зборувам за помирување, а не за нечија амнестија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се залага за помирување

А на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Зоран Заев и неговите соработници истакнува дека „нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал". Во интервјуто вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја засилил македонската преговарачка позиција.

– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќорсокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите револуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат, рече Пендаровски.

Во спротивно, според него, добивавме чиста блокада, значи прашање беше на време кога до крајот на годината, освен она што го имавме со години од Атина, ќе добиевме чиста блокада кон ЕУ од Софија.

– Последната средба на комисијата во Скопје не беше продуктивна, има закажано следна средба во септември, во меѓувреме тие меѓу себе, членовите на комисијата имаат интензивна комуникација, циркулираат материјали во двете насоки во смисла да се најде заедничко стојалиште за тие работи и да дојдеме до она што е примарната цел на таа комисија да зборуваме за личности, не за сите, и да зборуваме за настани, не за сите настани во тие два века кои се споделени, не се само македонски, не се само бугарски, бидејќи целта е, повторувам, да видиме каде имаме споделена историја, не таа да биде комплетно бугарска и ние од оваа страна само да потпишеме таква работа, бидејќи тоа не е целта на комисијата и што е поважно тоа не е историски факт, вели Пендаровски.

Пендаровски, за помирувањето, наведува дека тоа било негова заложба и пред да биде избран за претседател, но оти тоа е долг процес во кој мора да учествуваат многу политички субјекти и други општествени чинители.

На прашањето да ги коментира изјавите дека процесот на помирување го разбира како амнестија на Зоран Заев и неговите луѓе, тој вели дека нема никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестира Заев ако направил криминал и кој било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал.

Во однос на тоа дали земјава ќе добие датум за преговори со ЕУ, Пендаровски вели дека во моментов не постои ниту една европска држава, ниту една земја членка на ЕУ, ниту една европска влада која има став дека Македонија не треба да почне со преговори до крајот на годината.

– Моите први две посети надвор, откако стапив на функцијата, беа во Брисел, каде што имав средби со највисоките функционери на досегашната Европска Комисија и Европскиот Совет. И потоа посета на Берлин, каде што имав средба со највисоките германски претставници, вклучително и со германскиот претседател Штајнмаер. Од најрелевантни места добив уверувања дека одложувањето во Германија е од чисто технички причини и оти нема политички причини во позадината, како што имаше шпекулации и кај нас и во дел од меѓународниот печат, односно медиуми, рече претседателот Пендаровски во неделното интервјуто за Радио Слободна Европа./МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

Таравари се демантира самиот себе

Арбен Таравари ретерира од својата изјава дадена вчера за косовската државна телевизија дека ВРЕДИ ќе има 6 министри во идната Влада.

Денеска вели дека договор се уште не е постигнат, а информацијата што произлезе од него била дезинформација. Вели дека нема договор ниту за претседателот на Собранието да биде од нивните редови, иако вели дека остануваат на тоа барање, за да остане воспоставената пракса една од трите највисоки државни функции да биде раководена од Албанец.

Преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“, според најавите, ќе продолжат и утре за да се финализира владината програма, а до петок се очекува да бидат договорени и кадровските решенија. Во меѓувреме во среда ќе има и прегласување на седум избирачки места во 5 и 6 изборна единица за да се види финалниот распоред на силите во Собранието.

Во живо

последно ажурирање пред 19 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Европската комисија ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател.

пред 18 минути20:40

ЕК го активира „Коперник“, а Русија понуди помош за Иран

Европската комисија ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател.

- Услугата е активирана на барање на Иран за помош, објави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Службата за управување со итни случаи „Коперник“ на ЕК обезбедува услуги за мапирање врз основа на сателитски снимки.

Во меѓувреме портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија е подготвена да помогне во потрагата по хеликоптерот.

- Внимателно ги следиме новите информации за судбината на патниците од третиот хеликоптер, меѓу кои има и високи ирански претставници, вклучително и претседателот Раиси. Искрено се надеваме дека се живи и дека нивните животи и здравје не се во опасност. Русија е подготвена да ја обезбеди сета потребна помош во потрагата по исчезнатиот хеликоптер и во истрагата за причините за несреќата, наведе Захарова.

Претходно помош во спасувачките операции понудија Ирак и Азербејџан.

Конвој од три хеликоптери превезуваше ирански владини претставници од Азербејџан, каде присуствуваа на отворање на брана. Еден од хеликоптерите, во кој беше претседателот на Иран, Ебрахим Раис се урна во иранската покраина Источен Азербејџан. Според ИРНА во хеликоптерот бил и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на покраината и главен имам во регионот.

Два хеликоптери слетаа безбедно во Табрис, во северозападен Иран.

пред еден час19:42

САД и ЕУ внимателно ги следат информациите за Раиси

По веста дека хеликоптерот со кој се превезувале претседателот на Иран, Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан, принудно слетал во планинската област во провинцијата Источен Азербејџан, американскиот Стејт департмент соопшти дека внимателно ги следи информациите.

- Во овој момент немаме друг коментар, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека за тоа е информиран и претседателот на САД, Џо Бајден.

И Европска Унија соопшти дека внимателно ги следи информациите за Раиси.

- Нашето срце е со иранската нација како пријател и брат. Го молиме Бога за милост и грижа за претседателот, министерот за надворешни работи и нивните придружници, изјави портпаролот на Хамас, Изат ал Ришек.

Иранската државна телевизија повтори дека сè уште нема информации за судбината на патниците во урнатиот хеликоптер и оти не може да потврди дали има загинати или повредени лица.

Додека ИРНА јави дека сè уште не е локализирано точното место на инцидентот со хеликоптерот.

Во меѓувреме иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност на Иран.

Началникот на Генералштабот на иранската армија нареди користење на сите воени ресурси за помош во операциите за пребарување и спасување.

Сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја, јави Иранската државна телевизија. /МИА

пред еден час19:35

Ирак и Азербејџан му понудија помош на Иран

Ирак му понуди помош на Иран во пребарувањето на хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан.

Владата на Ирак им даде инструкции на Министерството за внатрешни работи, Црвената полумесечина и другите релевантни органи да помогнат во потрагата во иранската провинција Источен Азербејџан.

И претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му понуди помош на Иран во пребарување на теренот.

Алиев истакна дека се моли за Раиси и оти е длабоко шокиран од веста за хеликоптерската несреќа, по нивната денешна средба.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека исчезнале тројца спасувачи кои трагаа по урнатиот хеликоптер.

Додека Иранската државна телевизија јави дека сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја.

пред 3 часа18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 19 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

притисни ентер