Акција на превентивни прегледи во Градскиот парк по повод Светскиот ден на семејни лекари - Канал 5

Акција на превентивни прегледи во Градскиот парк по повод Светскиот ден на семејни лекари

13ка шеќер во крвта е измерена кај случаен минувач во градскиот парк каде претставници од Здружението на лекари по општа медицина- семејна медицина денеска организираа бесплатно прегледи по повод светкиот ден на семејните лекари. 

Акција на превентивни прегледи во Градскиот парк по повод Светскиот ден на семејни лекари

Станува збор за помлад граѓанин кој направил превентивен преглед кај тимовите кои денеска мереа шеќер во крвта, крвен притисок и пикфлоуметрија. Според доктор Драган Ѓорѓиевски бројот на помлади граѓани со дијабет е посебно зголемен во време на пандемијата и со прележувањето на вирус ковидот.

Ѓоргиевски вели дека треба да се направи и итна промена во делот на „Мој Термин“, бидејќи многу тешко се наоѓа термин за специјалистички преглед и исто така треба да се воведе и скриниг програма за други заболувања по примерот на скринигот за рано откривање на рак на дојка.

Ѓоргиевски со апел на секои шест месеци да се прави комплетна крвна слика и при несакани здравствени симптоми да се замине на матичен лекар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. 

Шакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа

Наводно, Серж Ибака присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а се зборува и дека заедно патувале со приватен авион на Модната недела во Париз.

Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа.

Во последните денови, шпанските и латиноамериканските медиуми шпекулираат за нивната наводна блискост, откако се појавија тврдења дека кошаркарот присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а потоа и отпатувал со неа во Париз.

Сепак, ниту Шакира, ниту Ибака немаат потврдено дека се во врска. Според медиумските извештаи, двајцата сè уште се запознаваат, а природата на нивниот однос засега останува нејасна.

Гласините ги поттикна шпанскиот папарацо Жорди Мартин, соработник во емисијата „El Gordo y la Flaca“, кој зборуваше за можна романса за време на едно телевизиско гостување на 7 октомври.

Според неговите тврдења, Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Посебно внимание привлекоа наводите дека тие, наводно, патувале од Мадрид до Париз со приватен авион за време на Модната недела.

Во Париз, Шакира била гостинка на модниот дизајнер Том Форд; сепак, во моментов нема јавно достапни докази кои би потврдиле дека Ибака патувал со неа.

Серж Ибака е роден во 1989 година во Бразавил, главниот град на Република Конго, а поседува и шпанско државјанство.

Во текот на повеќе од една деценија во НБА, тој изгради забележителна кошаркарска кариера. Неговиот најголем успех на клупско ниво дојде во 2019 година, кога ја освои шампионската титула во НБА со тимот на Торонто Репторс.

Исто така, настапуваше и за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик и други екипи, додека со шпанската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Љубовниот живот на познатата пејачка е под будното око на јавноста откако во 2022 година се раздели од поранешниот фудбалер на ФК Барселона, светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике.

Поранешниот пар има два сина, Милан и Саша, а нивната разделба предизвика огромен интерес кај светските медиуми.

Според последните поврзувања, мегапопуларната пејачка дефинитовно е слаба на спортисти.

По раскинувањето, Шакира се поврзуваше со неколку познати мажи, меѓу кои возачот од Формула 1, Луис Хамилтон, и НБА кошаркарот Џими Батлер.

Сепак, овие наводи не се официјално потврдени како љубовни врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика Британија

Принцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.

Фото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика Британија

Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс.

Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија.

Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии.

Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет.

Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија.

Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“.

Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила.

Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот Тошковски

Границата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. 

СДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот Тошковски

Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група.

Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата.

„Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој.

Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара.

5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема.

Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава.

Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил.

Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер