Пендаровски: Ако нема цензус ќе одлучат институциите

Доколку нема цензус на референдумот во недела, тоа значи дека одлуката оди во рацете на институциите – вели националниот координатор на земјава за НАТО, Стево Пендаровски. 

Според него расположението на граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат позитивно се зголемува. Пендаровски вели дека во недела очекува јасна порака од граѓаните.

На еден ден пред крајот на камапњата, со став за референдумот се огласи и професротоВасил Тупурковски, кој во 90-тите години беше директно вклучен во разгворите. Според него, договорот со Грција е единствено реално решение, а во недела не треба да се водат партиски битки..

– Пред 27 години имавме сосема прифатлив предлог за решавање на проблемите во македонско – грчките односи.Шансата не ја искористивме.Сега Македонија и Грција создадоа заемноприфатливо решение.Да бидеме реални, ова решение е полошо, но после 27 години е единствено реално и евентуално подоброто нема да биде пронајдено после нови децении на трагање заедно со нови жртвувани генерации. Значи треба да го прифатиме договорот помеѓудвете земји, вели Васил Тупурковски за МИА.

Македонија направи сериозен исчекор за евроатланската иднина, а изборот сега е помеѓу интеграција и изолација, вели во интервју за бугарски Блумберг, поранешниот премиер Владо Бучковски.

Кампањата за референдумот завршува во четврток на полноќ, кога практично започнува и пред референдумскиот молк. За разлика од изборните кампањи, кога е предвиден 24 часовен молк, молкот за референдумот е 48 часа.

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

притисни ентер