2ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
Шоу бизПејачката повторно ги поместува границите на уметноста!Дали ја препознавате?Планетарно познатата ѕвезда чија кариера во ‘80-тите и ‘90-тите „ја красеа“ запалени крстови и необични градници кои во тоа време се сметаа за апокалиптични, со своите оригинални видеа сега ги запрепастува луѓето ширум светот. Кралицата на попот Мадона и Бипл снимија три NFT видеа со наслов „Мајка на креирањето“, „Мајка на технологијата“ и „Мајка на еволуцијата“. „Mother of Creation“ е NFT колекција или анимирани видеа кои ја прикажуваат Мадона гола како раѓа пеперутки, дрвја и метални инсекти. Снимките предизвикаа шок во различни делови на светот, но тоа за легендарната пејачка беше само неделна афера, во текот на својата кариера таа имаше безброј вакви напади. Експлицитни NFT содржини беа понудени на аукција на 11-ти мај, а добиените пари ќе бидат уплатени во три непрофитни организации чија цел е поддршка за жените и децата ширум светот. Во првото видео, дигитализираната верзија на Мадона седи гола на метална операциона маса во празна лабораторија. Од неа почнуваат да излегуваат млади гранки, а потоа никнува цело дрво, кое на крајот цвета. - Како жена, низ животот поминувам слично како дрвото. Почнувам од мало семе и се спротивставувам на отпорот на земјата, на бескрајната гравитација - вели Мадона во видеото кое трае една минута. - Топлина, дожд, немилосрдни ветрови. Си реков, ќе бидам пристојна и нема да се скршам, додека предаторите ги берат моите плодови, ја гребат мојата кора и ми ги виткаат гранките, ме сечат, ме палат до темел. Никогаш нема да ја уништат мојата суштина, ниту да ми ја одземат славата или да ми ја згаснат душата – додава уметницата. Во второто видео, „Мајка на еволуцијата“, дигитализираната верзија на Мадона е повторно гола на зарѓан стар камион. Овој пат, од нејзиното меѓуножје излегуваат пеперутки, додека таа го рецитира текстот од нејзината песна „Justify My Love“. -Ова видео ја претставува метаморфозата на пеперутката, едно од најубавите суштества во природата и симболот на надежта - стои во описот на видеото. Во последното видео „Мајка на технологијата“, Мадона е гола во шумата додека од неа излегуваат метални стоногалки, а таа рецитира поезија од поетот Руми. - Технологијата продолжува да се развива во физичкиот, природниот и реалниот свет. Можеме да правиме што сакаме, но тоа има свои последици. Природата ќе победи на крајот – стои во описот на видеото. -Ова беше едно неверојатно патување од идеја до емотивна приказна и раѓање на уметноста. Сакав да го истражам концептот на создавање, не само преку тоа како се раѓа детето, туку и како уметникот ја раѓа креативноста – го објаснила Мадона својот проект. View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) Не беше мал бројот на негативни коментари на овие изданија на светската ѕвезда, но таа на сите им одговори дека „го правела она што го прават жените од самиот почеток на времето“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијатаСо изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска. Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект. Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација. Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook