2Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
Шоу бизПејачката откри шокантни детали за своето здравје! Ова треба да го знаат сите жениПознатата пејачка Пинк пред три години за прв пат проговори за своите здравствени проблеми. Таа потоа откри дека веќе 17 години се бори со депресија и анксиозност. Својата состојба, таа ја опиша како сериозна и наведувајќи дека понекогаш плаче со денови, дури и кога нема конкретна причина за солзи. Сакајќи да им помогне на другите да ги препознаат симптомите и да побараат помош, таа уште еднаш јавно го сподели своето искуство на социјалните мрежи. -Порано имав страшни напади на паника и не знаев што се случува. Немав со кого да разговарам за тоа, не знаев кому да се обратам и што да правам – призна пејачката. Симптомите биле толку тешки што мислела дека умира. По секој таков напад таа завршувала во болница, но лекарите по прегледот ја враќале дома со констатација дека е физички здрава. - Постојано ми велеа дека не ми е ништо. Секогаш ми правеа ЕКГ, сите можни анализи и ме уверуваа дека сè ми се случува во главата – изјави пејачката. По една тешка епизода решила да побара помош од психотерапевт. -На терапијата научив како да ги препознавам симптомите и како да се справувам со нападите на паника. Научив како да се грижам повеќе за себе. Терапевтот ми покажа какви средства да користам во такви ситуации. Почнав да медитирам, да вежбам. Сепак, јас сум музичар и ми се чини дека најмногу ми помогна пишувањето песни. Тоа веројатно ми го спаси животот – беше искрена Пинк. Нападите на паника се еден вид анксиозно растројство. Се појавуваат ненадејно и навидум без посебна причина. Симптомите се силно чувство на страв и вознемиреност придружени со забрзаното чукање на срцето, трепет, потење, проблеми со дишењето, кои потсетуваат на срцев удар. View this post on Instagram A post shared by P!NK (@pink) Во вакви ситуации, според лекарите, неопходно е да се побара стручна помош од психотерапевт. Во зависност од тоа колку болеста напредувала, психијатарот може да ви даде антидепресиви како терапија. Најважно е да се утврди што ги предизвикува нападите на паника. Инаку, жените се повеќе склони кон ова нарушување, но истото не е невообичаено и кај мажите. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на МицкоскиСДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.Зошто се крие од јавноста? Која е позадината? Утре објавуваме детали кои свиркачи ги доставија до СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во СрбијаДосегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица. Седуммината се осомничени дека како припадници на организираната криминална група го сториле истото кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, од засега неутврден период во текот на 2025 година до крајот на јануари 2026 година, на македонската и српска територија, шестмината против кои се води постапка во Србија, шестмината опфатени со истрагата на ОЈО ГОКК од февруари, седуммината новоосомничени, како и други засега непознати лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотична дрога марихуана. Секој од нив имал определена улога, при што самите или преку други непознати лица преземале, држеле и пренесувале наркотична дрога марихуана заради нејзина понатамошна неовластена продажба и пуштање во промет на територијата на Република Србија и други држави. Како параван за недозволените активности било користено правното лице во Скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис за медицински потреби. Сопствениците на правно лице од Скопје, од кои едниот е и управител, заеднички и по претходен договор организирале и други засега непознати лица од Србија и Македонија за заеднички да набавуваат наркотична дрога марихуана и во повеќе наврати да ја транспортираат од Македонија во Србија. За таа цел користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. На 21 јули 2026 година, српското Јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен акт против шест членови на организирана криминална група за меѓународен недозволен транспорт на марихуана. Според тамошното обвинение, двајца од сопствениците на правното лице од Скопје давале насоки и инструкции и ги координирале припадниците на криминалната група кои имале задача во месноста Коњух да ја примат и складираат наркотичната дрога марихуана во магацински простор на правно лице, чиј сопственик и управител е исто така обвинет. Дел од дрогата потоа се складирала во помошни објекти во неговиот дом во Коњух, каде било организирано нејзино препакување за натамошна продажба, по што марихуаната наменета за продажба на територијата на Белград му била предавана на друг обвинет член на групата. Во меѓувреме, во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го сториле кривичното дело што им се става на товар. Притоа им се изречени казни затвор во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци, соопштувата од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правотоМинистерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности.Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како и во работата на Советот за следење на реформите во правосудството. Воедно, подготвени се анализи и документи согласно европските стандарди, организирани се работни сесии, јавни расправи и работилници, а обезбедена е и поддршка во спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028 и Акцискиот план. Заедничките активности ќе бидат дополнително интензивирани, со фокус за зајакнување на европскиот дух преку исполнување на обврските од процесот на европската интеграција, за модерно, ефикасно, транспарентно и независно правосудство. Министерство за правдаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter