Партиите ги оформуваат и официјализираат изборните листи

Партиите најдоцна за три дена треба да ги комплетираат и достават до Државната изборна комисија (ДИК) листите со кандидати за пратеници и носителите на листите со кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.

Владејачката СДСМ денеска на Конгрес ќе ги објави сите носители на листи и кандидати, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги потврдени утре на седница на Централниот комитет ќе ги презентира задутре. Изминатиот викенд своите кандидати за пратеници ги официјализираше Беса, која предизборно коалицираше со СДСМ, одлуки дека остануваат во таа коалиција донесоа Либерално демократската партија и Партијата на пензионерите, а кон коалицијата се приклучи Демократската партија на Турците. ДПА, пак, соопшти дека настапува самостојно на изборите.

Во коалицијата на СДСМ досега е познато дека лидерот Зоран Заев ќе биде носител во четвртата Изборна единица (ИЕ), покрај него носител ќе биде и партиската потпретседателка Радмила Шекеринска, а во шестата ИЕ Билал Касами од Беса.

Заев вчера најави дека во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена. – Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител, изјави Заев, најавувајќи дека покрај него и Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа. Како што нагласи, на пратеничките листи ќе се види континуитет, но, ќе има и нови ликови.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на партијата за мандатар.

За имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се одлучува на Централниот комитет на партијата закажан за утре, по што кандидатските листи ќе ги објават во јавноста. – Луѓето во животот треба да се определат за една работа, не можеме да се определуваме за повеќе работи па која ќе помине таа нека помине. Ако сте се определиле да бидете кандидат за мандатар би било чесно, честито, би имало некаква морална вертикала ако ви е само тоа. Ако вие бидете и кандидат за мандатар и потенцијален кандидат за пратеник, кандидат за директор, за министер, за амбасадор и така натаму според мене лично, тоа е мое убедување дека не е чесно, честито и оти тоа е затскривање зад пораз, рече Мицкоски. Во финална фаза се на составување на листите, а може да се очекува, како што вели, и надпартиски и истакнати личности во својата фела да се најдат и на кандидатските листи за пратеници.

Како што изјави претходно Мицкоски, во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ остануваат досегашните коалициски партнери, а се разговара и со други партии.

Според одлуката на Централното собрание на Беса кое синоќа ги определи кандидатите за пратеници, во изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи. Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, претходно во интервју за МИА рече дека тој ќе ја предводи шестата изборна единица на коалицијата на СДСМ.

Централен одбор на ЛДП која останува во коалицијата на СДСМ вчера исто така ги утврди кандидатите за пратеници што ќе ги промовира дополнително. Членовите на ЦО на ЛДП оцениле дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес.

ДУИ која најави самостоен настап на изборите официјално не ги соопшти носителите на листите со кои ќе настапи на изборите, но според објавите во дел од медиумите за време на викендот, Централното претседателството го прифатило предлогот Али Ахмети да биде носител во ИЕ 6, Артан Груби во ИЕ 1, Ејуп Халими во втората Нафи Дурмиши во ИЕ 3, Артан Спахиу во ИЕ 4, Агим Шаќири во ИЕ 5, а Џевдет Спахиу во ИЕ 7.

Одлука за самостоен настап на изборите изминатиот викенд донесе Демократската партија на Албанците (ДПА). Во неколку наврати претходно лидерот на партијата Мендух Тачи рече дека се разговара со НДП, но од таа партија неодамна соопштија дека нема да учествуваат на изборите.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и вчера порачаа дека се уверени во победа. На прашањето дали ќе поднесе оставка ако изгуби на изборите закажани на 12 април Мицкоски вчера одговори дека е уверен во победа, а тоа, како што изјави, го темели на проценки од анкети на јавното мислење. Според Заев, претходно имало опасност, но сега е сигурен дека ќе победат на изборите.

На изборите што треба да се одржат на 12 април ќе нема независни кандидатски листи, откако во предвидениот рок ниту еден од пријавените шестмина кандидати за независни носители не ги собра потребните илјада потписи. Државната изборна комисија на последната седница донесе упатство за постапката за решавање приговори, а од четирите партии од власта и опозицијата кои на последните избори освоиле најмногу гласови – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса побара предлози за членови во Избирачките одбори.

Кампањата за изборите ќе почне на 23 март, а ќе трае до полноќ на 10 април./МИА

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер