Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
2Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
ЖивотПаркот на природата „Езерани" плени со својата разновидост и убавинаНа северниот дел од Преспанското Езеро на површина од 1917 хектари се протега паркот на природата „Езерани". Подрачјето е дел од листата значајни орнитолошки локалитети, растителни подрачја и е на Рамзарската листа на најзначајни водни живеалишта во светот. За строг природен резерват е прогласен во 1996 година од страна на Собранието на Република Македонија со Законот за заштита на локалитетот Езерани. Со Законот за прогласување на локалитетот „Езерани" на Преспанското Езеро за Парк на природата, повторно е прогласен на 17 февруари 2012 година. Заштитеното подрачје се простира меѓу селото Асамати и населбата Сир Хан. Административно припаѓа на Општина Ресен. На подрачјето доминираат природни или малку изменети блатни екосистеми, кои зафаќаат површина од околу 2000 хектари. Со строгиот природен резерват се управува на начин со кој се обезбедува зачувување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба, одржување на генетските ресурси во динамична и еволутивна состојба, на природно воспоставените еколошки процеси, заштита на структурните пределски карактеристики и автентичната природа заради научни студии, мониторинг или образовни цели, намалување на нарушувањата во природата преку грижливо планирање и спроведување научни истражувања и други дозволени активности и ограничување на пристапот на јавноста. Богатиот биодиверзитет на „Езерани" поседува карактеристики значајни на светско ниво Преку програмата за развој при Обединети нации (УНДП) со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка – СДЦ направена е студијата за ревалоризација на Езерани и брошура за вредностите на подрачјето. Една од целите, како што истакна координаторот на проектот Никола Здравески, била да се помогне Министерството за животна средина и просторно планирање за репрогласување на ова заштитено подрачје и да се направи целокупна проценка на вредноста на биолошката разновидност на подрачјето и социо-економските придобивки, што ги овозможува за локалните заедници, кои егзистираат и се наоѓаат во негова близина. – Паркот на природата „Езерани" е првото заштитено подрачје, кое во 1998 година ја стави државата на листата на заштитени подрачја од меѓународно значење, посебно Рамсарската Конвенција, која се однесува на водни живеалишта од меѓународно значење. Подрачјето со своите вредности претставува таканаречена „жешка точка" за биодиверзитет, како за нашата држава, така и за пошироко на ниво на Балканот, бидејќи овозможува живеалиште на над 40 проценти заштитени и загрозени растителни видови, појаснува Здравески. Богатиот и релативно добро зачуван биодиверзитет на ПП Езерани, особено во контекст на целото Преспанско Езеро, додаде, поседува карактеристики значајни на светско, европско и регионално ниво. Тоа се гледа во специјалниот статус што го ужива Преспанското Езеро, заедно со Малото Преспанско Езеро во соседните замји – Грција и Албанија, прикажан преку неговото назначување како значајно подрачје на различни меѓународни листи. Паркот на природата „Езерани" значително придонесува за вредноста на целиот преспански регион од аспект на биодиверзитетот. Таа вредност, според студијата на УНДП, е признаена од трите држави што ја делат Преспа и како резултат на тоа во 2000-та година е потпишан меморандум од страна на премиерите на Албанија, Грција и Македонија за формирање на прекуграничниот парк „Преспа", кој ги зафаќа двете природни Преспански езера (Големо и Мало) заедно со нивното сливно подрачје. Природни еко системи богати со флора и фауна Паркот на природата „Езерани" располага со богати екосистеми. Тој е дел од значајното подрачје за птици на Пресанското Езеро, како и значајно растително подрачје, како за водни, така и за блатни живеалишта. Во него се регистрирани: езерски, речни, блатни, тревести, шумски, агроекосистеми (овоштарници, рибници) екосистеми. Сите содржат заедници карактеристични со својата разновидност. На територија на заштитеното подрачје регистрирани се над 147 видови васкуларни растенија (папрати и цветници) меѓу кои и такви, кои имаат ограничено распространување во Република Северна Македонија. Инсективорното растение воденичарче е забележано само во „Езерани". Меѓу ретките растенија се и водната папрат и водниот костен, а има и 48 видови ендемични дијатомејски алги, од кои 15 се среќаваат само во Преспанското Езеро, додека другите го населуваат и Охридското Езеро. Богатата фауна на Преспанското Езеро се одликува со присуство на голем број локални ендемити – видови, кои се присутни само во езерото, вклучително и делот кој се наоѓа во границите на ПП Езерани, меѓу кои е преспанскиот сунѓер. Во големото и во малото Преспанско Езеро регистрирани се 19 видови риби, од кои осум се ендемични, а 11 донесени. Во Паркот на природата „Езерани" се среќаваат седум ендемски видови, кои живеат само во Големото и Малото Преспанско Езеро и тоа преспански: гомнушка, белвица, скобуст, штипалка, шлунец, грунец и кленот. Во заштитеното подрчаје утврдено е присуство на девет видови водоземци и 14 видови влечуги, што претставува речиси 50 отсто од македонската херпетофауна. Од водоземци може да се сретнат македонскиот мрморец, балканскиот мал мрморец и жолтиот мукач, а од влечугите ридската желка, степската гуштерица, македонската гуштерица и големиот зелен гуштер. Во македонскиот дел од Преспанското Езеро регистрирани се 216 видови птици што укажува на исклучителното значење на ова заштитено подрачје за орнитофауната на Македонија и пошироко. За околу 100-на видови постојат конкретни податоци за присуство во Паркот на природата „Езерани", а меѓу нив се вбројуваат четири со статус на засегнат вид на глобално ниво вклучувајќи го и кадроглавиот пеликан. Голем број од птиците во Преспа се наведени во листите на Директивата за птици на ЕУ. Од другите заштитени видови познати се црногушестиот морски нуркач, ушест нуркач, мал корморан, бел пеликан, далматински (кадроглав) пеликан, мал воден бик, ноќна чапја, мала бела чапја, пурпурна чапја, бел и црн штрк, блескав ибис, чапја лажичарка, фламинго, жолтоклун лебед, …. Од потврдените 31 вид цицачи, 10 видови се од европско значење, од кои шест се со приоритет за заштита и за нив треба да се назначат заштитени подрачја – Натура 2000 подрачја, а два се балкански ендемити. Пет вида се заштитени со Законот за заштита на природата, од кои видрата и кафеавата мечка имаат статус на строго заштитен див вид. Директивата за зачувување на природните живеалишта на дивата фауна и флора на Европската унија обезбедува заштита на 12 вида, кои се среќаваат во ПП Езерани. За осум од нив клучните живеалиштата се прогласуваат како заштитени подрачја од еколошката мрежа Натура 2000: бласиев, јужен, голем и мал потковичар, остроушест ноќник, долгокрилест лилјак, кафеава мечка и видра. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоландија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија. Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times. Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море. Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море. Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат. Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил. Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја. Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.Тагови: Холандија баратели на азил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook