Папата ја критикува американската политика кон мигрантите - Канал 5

Папата ја критикува американската политика кон мигрантите

 Папата Лав Четиринаесетти повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во САД, каде што рече дека многу луѓе се длабоко погодени од контроверзната политика за масовна депортација, објави Би-Би-Си.

Папата ја критикува американската политика кон мигрантите

Во една од неговите најсилни критики досега кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп, првиот папа роден во САД, исто така, предупреди дека бомбардирањето на венецуелските бродови за кои се сомнева дека носат дрога од САД ризикува зголемување на тензиите во регионот.

Папата Лав Четиринаесетти рече дека има луѓе кои живееле во САД „со години, без никогаш да предизвикаат никакви проблеми и кои биле длабоко погодени“ од строгата имиграциска политика на Трамп.

Зборувајќи на англиски јазик и обраќајќи се директно до американската публика, тој го повтори католичкото верување дека секој христијанин на крајот ќе биде оценет според тоа како го пречекал „странецот“.

Првичните коментари на Лав Четиринаесетти за геополитиката по неговиот избор во мај беа претпазливи. Потоа, минатиот месец, тој го употреби зборот „нечовечки“ во однос на репресијата предводена од Трамп, потсетува Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземање

Со видливи модринки на лицето 26 годишната Сара Ѓорѓиеска се појави во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против нејзиниот партнер 31 годишниот Кристијан Корабоски за насилство. 

Одложен стартот на судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска во Охрид по барања за изземање

Но обвинетиот не беше спроведен во судницата а според инфрмациите се наоѓал во притворскиот дел во судот. Сепак судењето беше одложено. Пред почетокот на рочиштето одбраната барала изземање на судијката која го води случајот Александра Поп Стефанија, што било одбиено. Но по барањето за изземање на сите обвинители од ОЈО Охрид треба да одлучи ВЈО Битола со што ниту еден обвинител не може да постапува во овој предмет и ново рочиште судот закажа за 1 декември.

Обвинетиот Кристијан Корабоски не беше спроведен во судницата. Од судот подоцна образложија дека тој се наоѓал во притворското одделение на судот поради изолација, бидејќи во салата за судење се наоѓала Сара Ѓорѓиеска која е оштетена.

-Во салата за судење не беше присутен обвинетиот К.К истиот се наоѓаше во притворското одделение на Судот, а поради изолација, бидејќи оштетената С.Ѓ беше присутна во судницата,- -Основен суд Охрид.

Нејзиниот адвокат барањата на одбраната ги оцени како обид за одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста. Во врска со отсуството на обвинетиот од судницата, Шајн рече дека Сара не била прашана дали може да присуствува на рочиштето, туку дека тие инсистирале таа да биде присутна.

-Сметам дека заради одолговлекување на постапката и избегнување на одговорноста која ја има обвинетиот Кристијан Корабоски. Видовте не беше присутен во судницата. Тој беше присутен во судот во притворското одделение. Требаше да биде присутен во судницата како што е присутна оштетената.

Дали беше прашана оштетената дали сака да биде присутна во судница.

Оштетената Сара не ја прашаа, ние инсистиравме да биде присутна, да си ја каже вистината за целокупниуот настан бидејќи правда мора да има за овој случај. изјави – Ѓоко Шајн – Адвокат.

Сепак, во официјалното соопштение на охридскиот суд не е наведено дали одлуката на судијката Поп Стефанија, обвинетиот Кристијан Корабоски да се соочи со Сара се однесува на целата главна расправа или само на денешното рочиште.

Според обвинението Кристијан Корабоски се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при вршење семејно насилство.

Настанот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во домот на обвинетиот, а продолжила во автомобилот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Речиси 71 милион евра плус за Македонија од планот за раст, потврди Марта Кос

ЕК потврди, Македонија добива дополнителни речиси 71 милиони евра од Планот за раст за спроведувањето на реформската агенда, кажа еврокомесарката Марта Кос.

Речиси 71 милион евра плус за Македонија од планот за раст, потврди Марта Кос

ЕК потврди, Македонија добива дополнителни речиси 71 милиони евра од Планот за раст за спроведувањето на реформската агенда, кажа еврокомесарката Марта Кос на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, на форумот посветен на планот на раст. Овие средства според првичниот план беа предвидени за Србија, Косово и Босна и Херцеговина, но поради нивното отсуство на реформи ќе бидат прераспределени за трите земји оценети како предводнички во реформите, Црна Гора, Албанија и Македонија.

- Европската комисија штотуку ја заврши проценката. Црна Гора имплементираше 94% од реформите и наскоро ќе добие 81 милион евра во следната рунда на плаќања. Албанија имплементираше 80% и ќе добие 185,6 милиони евра. С. Македонија имплементираше 56% и ќе добие близу 71 милион. / Наскоро ќе ја започнеме постапката, а ова се дополнителните пари што ќе можете да ги добиете во првата половина од следната година, изјави Кос.

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, пак, во интервју за „360 степени“ вчера кажа дека ЕУ е подготвена веднаш по усвојувањето на уставните измени да организира две меѓувладини конференции со Македонија, со кои би се заокружило отворањето на пристапните преговори и би се отворил првиот кластер „Темели“. Не сакаше да шпекулира дали Бугарија е единствената членка на ЕУ што се противи на Акцискиот план за малцинствата, но ги пофали консултациите меѓу Скопје и Софија.

-Лично сум уверен дека ако има напредок во важните прашања за усогласувањето со ЕУ, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во реформите, и ако ги имаме отворено пристапните преговори, тогаш ќе го имаме потребниот замав. Ако истовремено се негуваат добрососедските односи и предвидените комисии работат јасно, решително, посветено и конструктивно, јас лично верувам дека нема од што да се стравува. Но, како што веќе реков, со „ако“ и „но“ не напредуваме. Многу добро знаеме каква е ситуацијата. Од наша страна има огромно разбирање и подготвеност да помогнеме и да бидеме со вас на тој пат за да може да се оди напред – рече Рокас.

Премиерот Мицкоски во неколку наврати порача дека дури и ако се направат уставните измени, останува прашањето за Акцискиот план за малцинствата кој останува блокиран единствено од Бугарија, а е услов за да почнат формалните преговори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје за 7,56% за домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% .

РКЕ: Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје за 7,56% за домаќинствата

Од први декември се зголемува цената за парно греење во Скопје.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.

За корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е за 5,84%.

Со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари.

Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година.

Во Градот Скопје близу 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер