ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
БалканПаника во Белград: Дојави за бомби во 20 средни училишта Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добиле меилови за поставени бомби, а учениците и професорите веднаш се евакуирани, а за сѐ веднаш се известени МВР и БИА.„Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет“, рече првиот вицепремиер и министер за образование Бранко Ружиќ. „Влезе професорот по физика, само ни рече: „Имаме бомба во училиштето, мора да излеземе“. Сите сме супер, еве сме пред училиште, само професорите се во паника. Мислат дека е сериозно“, изјавил за Блиц ученик од Земунската гимназија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаЛавров по разговорот со шефот на германската дипломатија: Не требаше воопшто да се сретнемеГерманскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров во Њујорк, што беше прва билатерална средба меѓу двајцата министри од почетокот на војната на Русија во Украина во 2022 година.Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, во руската сала за состаноци, траеше повеќе од 20 минути и заврши со ракување меѓу двајцата министри. Лавров: Средбата беше непотребна Лавров рече дека средбата со Вадефул била непотребна и дека не видел никаков напредок во споредба со претходните разговори со него. Тој изјави за новинската агенција ДПА дека „не слушнал ништо различно“ од она што Берлин јавно го кажува секој ден. „Можевте само да ми се јавите и да ми кажете „прочитајте ја мојата изјава“, раскажа Лавров за разговорот со германскиот министер. Германија побара средба еден ден претходно, „во последен момент“, рече Лавров. Тој додаде дека разговорот со германскиот министер изгледал „како да имал некоја скриена порака - дојдов кај вас, ве почестив со моето присуство“. Тој рече дека имал впечаток дека Вадефул очекува отстапки од Русија во врска со Украина и навигацијата на Црното Море во замена за состанокот. Вадефул: Длабоки несогласувања околу завршувањето на војната По средбата со Лавров, Вадефул рече дека сè уште има длабоки несогласувања околу напорите за завршување на војната на Русија во Украина. „Беше интензивен разговор. Секако, не се согласувавме по клучните точки“, изјави конзервативниот политичар за германскиот радиодифузер ZDF. Тој рече дека „понудил деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но дека не нашол слушател“. За него беше важно да стави до знаење дека Германија „не прифаќа работи како нападот со беспилотни летала во Лајпциг, дека ова е неприфатлива ескалација“, рече тој, додавајќи дека ја предупредил Русија да не продолжува во таа насока. „Можеме да се одбраниме и ќе го сториме тоа“, рече Вадефул. Германската влада ја смета Русија за одговорна за инцидентот со неексплодираното беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, тврдење што Москва го негира. Тагови: Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојбаКонтрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став, контра сме колку да сме поразлични.Контрашот Венко Филипче заедно со талогот од СДС денеска се јави повторно. И повторно, видно вознемирен во очајна состојба почна да плука по се што се прави од инвестиции до продлабочување на веќе постоечки партнерства, како она со САД и членството во НАТО. Филипче повторно кажа дека е против рудници, против нови индустрии како со дата центрите. Филипче повторно изрази лажна загриженост за земјоделците, за пензионерите, за лицата кои земаат минимална плата. Филипче повторно кажа дека Македонија е енормно задолжена. За ова ќе му дадеме само некои факти, ако не ги слушнал на почеток на месецов. Еве една споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ и СДСМ и сега Владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 посто. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 отсто. Што говорат бројките? Трендот е повисок и постабилен раст, како и континуитет на позитивниот економски тренд. Но, сето ова Филипче за да го разбере мора да го процесуира сам. До тогаш, без грижа, се е стабилно и дополнително се оди напред. И да, сериозна опозиција не може да се биде со ставот – СДС е контра се колку само да биде поинаков, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса!Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче. Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ. „Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче. Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката. „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој. Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите. Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните. „СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче. „Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook