Паника и евакуација на хрватски судови и шопинг центри поради дојави за бомба - Канал 5

Паника и евакуација на хрватски судови и шопинг центри поради дојави за бомба

По дојави за бомби утринава во Хрватска биле евакуирани дваесеттина судови во повеќе градoви, меѓу нив и врховниот и вишиот кривичен суд.

Паника и евакуација на хрватски судови и шопинг центри поради дојави за бомба

Претседателот на врховниот суд изјавил дека судот ја примил дојавата за бомба додека траел состанокот со делегација на украинскиот врховен суд.

Како што јави ХРТ, од владата рекле дека не добиле никакви закани. Дојави за бомби пристигнале и на адреса на неколку трговски центри. Зградите на судовите биле евакуирани утринава непосредно по пристигнувањето на анонимните закани , а како што изјавиле од хрватското МВР закани пристигнале на подрачјето на 18 до 20 полициски станици и тоа во краток временски интервал. Според официјални лица во заканите пишувало –зградите ќе се урнат, немојте ова да го игнорирате, поставена е бомба.

Засега никаде не биле пронајдени експлозивни направи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Властите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. 

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите.

Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал.

Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот.

Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. 

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“.

– Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња.

Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во Охрид

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер