Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Видеото од акцијата го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, а акцијата се одржала во исто време во Холандија, Белгија, Луксембург и Србија.
Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, државјани на Србија Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение декас е резултат на кривично дело, додека во Белгија и Луксембург се уапсени државјаните на Србија С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).
Постои сомнеж дека се членови на група која соработува со Кавачкиот клан.
Во реонот на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство. Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин.
Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот во бетонски плочи за полесен извоз.