МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
1МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
ЖивотОвца која исчезнала пред 7 години конечно се вратила домаОвца која исчезнала во 2013 година се вратила дома откако седум години поминала сама во дивина.Во 2013 година голем пожар во Тасманија ја запалил оградата околу фармата на Елис Греј, и во таа прилика одреден број на овци и побегнале. Со текот на времето сопствениците на фармата се помириле со фактот дека никогаш повторно нема да ги видат. Меѓутоа една од тие овци Приклс се покажала како вистински мајстор за социјално дистанцирање и самоизолација, затоа што дури после 7 години се вратила дома. Елис рекла дека едвај ја препознале некогаш малечката овца. Приклс сега на себе има огромен волнене капут, кој ќе се скрати и ќе биде дониран. Prickles the sheep returns home after seven years - owners joke she was 'self-isolating' https://t.co/IQYxS3LjOv — Gabriela Cora, MD, MBA (@DrGabyCora) April 27, 2020 Во разговор за „Би-Би-Си“, Елис рекла: Верувам дека Приклс била заробена во дрмушки во задниот дел на нашата фарма. Мислевме дека не е жива“. Семејството поставило неколку ноќни камери да видат дали некој елени влегуваат на фармата, кога приметиле нешто чудно, но не знаеле за што станува збор. Меѓутоа дури кога надвол уживале во правење скара, Приклс излегла и ги изненадила своите сопственици. Сега овцата повторно се прилагодува во животот на фарма и ужива со другите животни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЈустина Широка Пуља избрана за претседателка на КосовоСобранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово.Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа. „Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа, еден повеќе од потребниот број.Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври. Претседателот на Демократската партија на Косово , Бедри Хамза, изјави дека нејзиното име е прифатливо за функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – другоПо вчерашните напади врз два трговски брода во Црното Море – при што едниот потона, а другиот претрпе сериозни оштетувања – украинскиот претседател Володимир Зеленски и бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов го коментираа инцидент.По вчерашните напади врз два трговски брода во бугарската исклучива економска зона во Црното Море – при што едниот потона, а другиот претрпе сериозни оштетувања – украинскиот претседател Володимир Зеленски и бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов го коментираа драматичниот инцидент, изнесувајќи спротивставени ставови за тоа кој стои зад нападите. URGENTE Dos navíos son golpeados por drones en el mar Negro Dos buques comerciales fueron alcanzados por drones en la zona exclusiva búlgara del Mar Negro, uno de los cuales se hundió, según los servicios de salvamento marítimo de Bulgaria. Las autoridades rumanas confirmaron la muerte de dos tripulantes y el rescate de 11 personas, mientras que varios marineros resultaron heridos durante la emergencia. — Alerta Noticias UKR 24 (@UKR_token) October 6, 2026 Како што пренесува „Украинска правда“, повикувајќи се на вечерното обраќање на украинскиот претседател, Зеленски тврди дека украинската морнарица стапила во контакт со бугарските колеги и дека е непобитно утврдено оти станувало збор за комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови. Украинскиот лидер нагласи дека силите на Киев не спровеле никакви операции во тој дел од морето и ја обвини Москва дека намерно се обидува да го направи западниот дел на Црното Море целосно небезбеден за цивилната пловидба. „Еден брод беше потопен, додека другиот претрпе значителни оштетувања. Изразуваме сочувство до сите погодени. Ова е продолжение на руската стратегија за ескалација – еден ден претходно беше погоден брод во романските води, нивните беспилотни летала постојано навлегуваат во Молдавија, а нападите врз нашите пристаништа не престануваат. Ваквиот вид агресивност бара јасен одговор и координација со партнерите“, рече Зеленски. ⚡️ Zelensky accuses Russia of attacking commercial vessels off the Bulgarian coast Two ships were attacked by drones in Bulgaria’s exclusive economic zone. The Alfa Watan sank roughly three minutes after the explosions, with 15–20 crew members reported missing. The second vessel, Able, caught fire, and 18 people were evacuated. Bulgarian authorities have not publicly named those responsible. Zelensky said Ukrainian forces carried out no operations in the area and that, after contacts between the Ukrainian and Bulgarian militaries, it was established that the attack involved Russian sea and aerial drones. At the same time, Sofia said it does not currently intend to invoke Articles 4 or 5 of the North Atlantic Treaty. — NEXTA (@nexta_tv) October 6, 2026 Од друга страна, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави за bTV дека официјална Софија сè уште не може со сигурност да потврди чии беспилотни летала го извршиле нападот. Според него, не може со стопроцентна сигурност да се каже дали леталата биле руски или украински сè додека не се пронајдат нивните остатоци или додека една од страните официјално не преземе одговорност, иако бугарската страна смета дека во нападот биле употребени и поморски беспилотни летала. Стојанов нагласи дека овој инцидент дефинитивно не бил несреќа, туку насочен напад, додавајќи дека Бугарија на тој начин станала дел од „хибридната војна меѓу Украина и Русија“. Тој истакна дека конфликтот се одвива во непосредното соседство на Бугарија и дека таквите настани, за жал, веќе не претставуваат изненадување во сегашните безбедносни околности. Потона товарен брод, екипажот исчезнат Нападот се случи околу три часот наутро, на приближно 70 наутички милји источно од Бјала, односно на околу 130 километри од бугарскиот брег. Цели беа два цивилни товарни брода: „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој пловеше под знамето на Того, и „Ејбл“ (Able), под знамето на Палау. „Алфа Ватан“ претрпе катастрофални оштетувања и набрзо потона. Екипажот на тој товарен брод се води како исчезнат, а бугарските спасувачки екипи на местото на настанот пронајдоа превртен чамец, три празни сплавови за спасување и појаси за спасување, но без никаква трага од морнарите. Другиот брод, „Ејбл“, кој превезуваше пченица и се движеше кон југ, се запали по ударот. Сите 18 члена на екипажот – главно државјани на Турција и Индија – успеаја да го напуштат бродот, по што беа спасени од бугарскиот „ро-ро“ брод „Диоскурија“ (Dioscuria). Двајца морнари се здобија со тешки повреди, вклучувајќи изгореници и повреди на главата, и итно беа пренесени во Воено-медицинската академија во Варна. Еден од спасените турски морнари од бродот „Ејбл“ (Able) по пристигнувањето во Варна изјави дека смета оти експлозијата потекнувала од под површината на водата и веднаш се посомневал во руските сили, бидејќи бродот превезувал украински товар. Сепак, засега неговото тврдење претставува само личен впечаток и не е официјално потврдено од истражителите. Бугарскиот претседател Румен Радев го оцени инцидентот како грубо кршење на меѓународното право и правилата за поморски сообраќај, предупредувајќи на вонредна седница на безбедносните служби дека ширењето на конфликтот во басенот на Црното Море драматично го отежнува комерцијалниот поморски транспорт и ги зголемува трошоците за осигурување. The crew of a merchant ship was missing on Tuesday after the vessel sank in the Black Sea off NATO member Bulgaria following a drone strike, that 🇧🇬 PM described as a gross violation of international law. "Probably a Russian attack", a maritime security source said. (Reuters) https://t.co/NkEM8ZE3wS — The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) October 6, 2026 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази загриженост поради овој напад врз трговски бродови во ексклузивната економска зона на земја-членка на НАТО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook