3 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотОваа година крстот ќе биде положен во осветените води, но со ограничен број на луѓеБогојавление или Водици, празник во кој православните христијани го одбележуваат божјото спасение или божјото привидение за спас на луѓето. Овој празник како и изминатата година ќе се одбележува во услови на пандемија, но за разлика од лани, овојпат крстот ќе биде положен во осветените води, а бројот на луѓе кои ќе може да влезат во водите ќе биде ограничен. Во разговор за МИА, отец Бобан Митевски вели дека согласно мерките и препораките, во реката Вардар ќе влезат околу 10 лица кои претходно имале учествувано, односно лица кои се физички подготвени. -Годинава поради полабави мерки ќе се организира, но со придржување до препораките кои што важат од здравствените власти, зборувам за Скопје. Годинава сепак ќе го има, но во согласност со мерките и препораките при што не е организациски објавено. Ние тоа го направивме брифирајќи, оние кои што би сакале да влезат во осветените води на реката Вардар и биравме од оние кои досега веќе го правеле тоа или луѓе кои што знаеме дека се подготвени физички и кои се сериозни во пристапувањето кон овој чин. Годинава тоа се случува со еден таков избор само за да се задржи форматот и да се изврши обичајот. Ако имаше пријавувања тоа ќе значеше дека може да се пријават 50, 60 луѓе кои сепак ќе дојдат со придружници, а тоа е голем број, заради тоа се одлучивме на овој начин, да го задржиме обичајот, никого да не фаворизираме, но да одбереме луѓе кои се физички подготвени со спортски дух, потенцира отецот. Додадава дека терминот „фрлање на крстот" често се користи, но всушност не е точен, бидејќи не соодветствува со самиот чин, затоа отецот порачува да се користат термините „Полагање на светиот крст" или пак „Спуштање на крстот". -Тоа и некако го доловува настанот како сето ова настанало, имено кога водите ќе се осветувале некаде, бреговите на езерата на морињата на реките биле високи, па не можел свештеникот да слезе во самите води тогаш тој го врзувал крстот со конопче или со јаже, и бидејќи крстот треба да се потопи во водата при чинот на осветувањето тогаш се спуштал крстот, и потоа влечејќи го свештеникот го враќал назад повторувајќи го тоа три пати. Тогаш верниот народ кој присуствувал на самиот чин рекол зошто сами вие да си го повлекувате крстот ние ќе влеземе во осветените води, ќе го земаме крстот и ќе му го враќаме на свештеникот односно на оној кој ја осветува водата. Овој настан се случил во Константинопол кај константинополскиот патријарх на водите на Босфорот и од тогаш бил прифатен како некој вид на чин кој сепак треба да го изразува благочестието, истакнува отец Бобан. На овој ден, според христијанското предание Св.Јован Крстител" го крстил Исус Христос во реката Јордан. -Имено Христос се крштева во реките на Јордан, кога излегува Светиот дух и во вид на гулаб слетува врз Него, а од небото се објавува гласот на отецот кој што вели, „Ова е мојот возљубен Син врз кого е мојата волја". На тој начин нам ни се дава сведоштво или ни се објавува света тројца, Бог кој што постои во тројца во Отецот, Синот и Светиот дух, тоа значи дека Исус е промазаникот затоа што Светиот дух слегува врз него, а Отецот потврдува врз кого е неговата волја, објаснува отец Бобан. Напомена дека на овој ден се мрси, иако се паѓа во среда, појаснува дека тоа е така затоа што никогаш за Господови празници кои паѓаат надвор од посниот период не се пости. Воедно порача до сите оние кои влегуваат во водата тоа да го прават заради благослов, а никако заради награди или слично. -Единствено нешто кое може да го добиеме е благословот божји и да му го враќаат крстот на свештеникот. Овој чин не подразбира натпреварувачки дух, туку напротив. Би сакал да порачам дека празниците се празнуваат во црква и со присуство на богослужение и со молитва, а сето друго може да биде само составен дел, сето друго треба да не води кон значењето на празникот, а тоа е приближувањето кон Христос и со другиот верен народ, сето тоа што не води тогаш е благочестив обичај и се придржува кон она што е примарно, а тоа е молитвата и богослужението, потенцира отецот. Инаку, денеска во храмот во „Пресвета Богородица" ќе има литургија со почеток од 9 часот, која ќе трае околу два часа, а потоа со поворка, односно литија, ќе се тргне од храмот до мостот „Слобода" кај Холидеј ин и тука откако претходно ќе се изврши големиот богојавленски водосвет што е самиот чин на осветување на водите, крстот ќе биде спуштен во водите на реката Вардар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата. -Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел. -На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook