Ова дете има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн, ќе се изненадите колку изнесува! - Канал 5

Ова дете има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн, ќе се изненадите колку изнесува!

Малечката Адара Перез Санчез (11), која израснала во сиромашен кварт во Мексико Сити, името го добила по ѕвездата Адара од соѕвездието Големо Куче (лат. Canis Major), ѕвезда на јужното небо, источно од Орион.

Ова дете има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн, ќе се изненадите колку изнесува!

Таа трпела врсничко насилство сè додека нејзината мајка не ја однела во Мексиканскиот центар за надарени деца.

Адара веќе има завршено основно и средно образование, дипломирала системски инженеринг и во моментов е на постдипломски студии по математика на Технолошккиот универзитет во Мексико. Адара сонува еден ден да стане астронаут во познатата Американска вселенска агенција НАСА.

- Моето име претставува ѕвезда од соѕвездието Големо Куче. Адара се наоѓа веднаш над ѕвездата Адура – ​​објаснило ова девојче.

Инаку, таа отсекогаш се разликувала од своите врсници, имала пречки во развојот на 3 години, а лекарите се сомневале дека е аутистична. Тргнувањето во школо дополнително ја влошило состојбата поради врсничкото насилство, па морала да промени 3 училишта.

-Наставниците беа сочувствителни, но децата не ја разбираа. Почна да се затвора, не сакаше да си игра со други деца, се чувствуваше необично и поинаку. Децата не ја разбираа, ја исмејуваа бидејќи можеше да прави неколку работи истовремено и да размислува на неколку нивоа - изјави нејзината мајка Наталија Санчез.

Девојчето сè повеќе тонело во депресија, а излезот го гледало само во учењето. Сама ја учела алгебрата, периодичниот систем... За да ѝ помогне на ќерка си, мајката ја однела на терапија кај детски психолог, каде ѝ рекле дека нејзиното девојче е исклучително паметно и дека треба да ја одведе во Центарот за надарени деца.

Таму ѝ направиле тест за интелигенција, кој покажал дека малата Адара има коефициент на интелигенција од 162, што е повисок од тој на Алберт Ајнштајн (160), но и од Стивен Хокинг (160), со кого имала можност да се запознае кога го посетил Центарот за надарени деца во Мексико.

- Беше фасцинирана од Хокинг, кој преку компјутерот со умот го манифестираше она што го сака. Таа беше воодушевена од тој британски научник и физичар, и оттогаш е фасцинирана од вселената - изјавил директорот на центарот за надарени деца, каде брилијантното девојче завршило основно и средно училиште.

Адара веќе соработува со Мексиканската вселенска агенција за промовирање на жените астронаути и истражувањата на вселената. Се надева дека ќе го продолжи своето образование на Универзитетот во Аризона, каде сака да студира астрофизика. Таа моментално прави бројни тестови за да може да се пријави во НАСА и ако ги помине од прв пат, таа би можела да лета во вселената на свои 17 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. 

 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата.

-Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд

Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел.

-На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар

Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откако

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Се работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво.

-Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи

Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите.

-Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика

Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Македонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер