Отворено СП во пливање, Македонија учествува со пет натпреварувачи - Канал 5

Отворено СП во пливање, Македонија учествува со пет натпреварувачи

Во импозантната сала „Колосеум“ во канадски Виндзор ноќеска се одржа свеченото отворање на 13.то Светско Првенство во пливање во 25 метарски базен, кое ќе трае до 11 декември.

Отворено СП во пливање, Македонија учествува со пет натпреварувачи
На ова првенство земаат учество повеќе од 1.000 пливачи од 176 држави. Македонија е застапена со досега најмногубројна репрезентација од било кое претходно Светско или Олимписко натпреварување.

Македонската репрезентација ја сочинуваат пливачите: Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски, додека во стручниот штаб се тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски кој е воедно и водач на екипата.

Македонската заедница од Виндзор организирана околу Македонската Православна црква „Свети Никола“ им приреди топло добредојде и го спонзорира престојот во Виндзор на дел од репрезентацијата што допатува од Македонија. Семејството на др. Елизабета и Менде Талески обезбеди хотелски престој; семејствата на Катерина и Никола Димитровски и Сања и Борче Ливрински ги покрија трошоците за изнајмениот автомобил; Миле Барашлиевски и Ванчо Кировски подарија дресови за отворањето, додека женската секција и Фудбалскиот клуб Македонија при црковната општина „Свети Никола“ помогнаа со парични донации.

На апелот на претседателот на црковната општина Мендо Колевски за дочек на нашите спортисти многумина парохјани се одѕваа со помали донации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка

Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 година

Кевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка

Холивудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн.

71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо.

Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски.

Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук.

Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот.

По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени.

Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер.

Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер