Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
1Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
2Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
ЖивотОтстранете ги дамките од пудра и шминка со овој едноставен трик!Секоја девојка знае каква егзибиција е соблекувањето маичка или ролка преку лице покриено со течна пудра. Сега постои едноставен трик за отстранување на овие несакани дамки.Повеќето течни пудри содржат масна фаза и многу тешко се отстрануваат од омилената облека. Како по правило, секогаш го закачуваме лицето кога се облекуваме или соблекуваме и ја валкаме облеката со пудра. Честопати ова се случува и додека пробуваме работи во бутиците. Таквите парчиња облека никој повеќе не сака да ги купи. Сепак, за секој проблем постои решение. Ова ни било речиси пред носот, само не ни паднало на ум да го искористиме. Имено, доколку на маицата додека сте ја соблекувале останала дамка од пудра, послужете се со пена за бричење за ефикасно да ја отстраните. Намачкајте ја дамката со мала количина пена пред да ја перете. Резултатите ќе ве воодушеват, а ќе го зачувате и омиленото парче облека. За трагите од шминка на облеката може да употребите и лак за коса. Доколку на вашата омилена блуза останала дамка од кармин, земете лак за коса и напрскајте преку неа, оставете да делува неколку минути, потоа истапкајте ја дамката со чист туфер и блузата оставете ја за перење. (Ова не важи за блузи што се перат на хемиско чистење). изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСо изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter