ЖивотОтишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото Лекарите во Москва биле шокирани кога морале да интервенираат во еден од најбизарните медицински случаи годинава.Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го предизвикал проблемот, откако испил премногу алкохол, објавува „Дејли стар“. Тој рекол дека експериментирал со „предмет“ што го имал при рака кога работите тргнале наопаку. По рендгенската снимка, медицинските лица знаеле со што си имаат работа, па затоа била извршена итна интервенција. Топче за пинг-понг било извадено од ректумот на неименуваниот менаџер! Драма во Ханој Слична приказна е снимена на крајот од минатата година, во Ханој. Неименуваниот пациент се појавил во болницата и се пожалил на неподнослива болка. Немал каде да оди, па признал дека вметнал жива јагула во своето тело (низ аналниот отвор), кога таа се извиткала. Лекарите успеале да стигнат до суштеството, кое се обидувало да ги касне низ ректумот, или дебелото црево, за да „избега“ во абдоминалната празнина.Тагови: болки докторите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕвропа подготвена за преговори со Русија за завршување на војната во УкраинаЕвропските лидери на самитот во Берлин изјавија дека се подготвени за преговори со Русија за прекин на војната во Украина.Британскиот премиер Енди Бернам порача дека Европа има обединета преговарачка позиција. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека максималистичките барања на Москва се нереални. На самитот присуствуваа и Зеленски, Макрон и американски претставници.Џаред Кушнер изјави дека Доналд Трамп верува оти постигнувањето мир е остварливо. Рускиот претседател Владимир Путин порача дека Москва не е против европско учество во преговорите.Сепак, Зеленски изрази скептицизам, посочувајќи дека Путин досега ги отфрлал мировните предлози.Клучно прашање остануваат безбедносните гаранции за Украина, слични на членот пет од НАТО. Мерц нагласи дека Европа е подготвена за дијалог со Русија, но само доколку се постигне мировен договор прифатлив за Киев. Големата тројка, Трамп, Путин и СИ ЏИНПИНГ вчера се согласија за мировна декларација во Шенжен и порачаа дека нуклеарна војна никогаш не смее да се води. Дополнително заклучија дека се потребни и реформи во ОН, како и згоелмување на снабдување со нафтени деривати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МетеоОблачно со натпросечни температури, максималната ќе достигне од 14 до 22 степениСпоред УХМР денеска во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат и ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 20. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 20. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај дас е посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter