Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
1Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
3Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
ЖивотБаба проголтала осум живи жаби, па завршила во болница- докторите останале занемени 82-годишна жена од Кина била хоспитализирана откако проголтала осум живи жаби во обид да ги ублажи болките во грбот.Постарата жена, позната само по презимето Жанг, рекла дека се водела од народното верување дека јадењето живи жаби може да помогне во лекувањето на болката предизвикана од дискус хернија, објави британски Телеграф. Не можела да оди поради болката Се наведува дека во септември побарала од членовите на семејството да ѝ помогнат да ги фати жабите, без да го открие нејзиниот вистински план. Ги изела жабите, сите помали од дланка, во две серии, три првиот ден, а преостанатите пет следниот. Кратко потоа, почнала да чувствува болки во стомакот и била итно однесена во болница во Хангжу, источна Кина, каде што им признала на лекарите што направила. „Мајка ми изела осум живи жаби. Сега болката е толку силна што не може да оди“, рекла нејзината ќерка. Голтањето жаби предизвикало инфекција Лекарите направиле серија тестови и потврдиле дека пациентката имала паразитска инфекција. „Голтањето живи жаби го оштети дигестивниот систем и доведе до појава на паразити во телото, вклучувајќи ларви од тенија“, изјавил еден од лекарите. Жанг била успешно излекувана и отпуштена од болницата по две недели. Консумирањето водоземци за медицински цели не е невообичаено во традиционалната кинеска медицина, каде што делови од животни како што се жаби, змиска жолчка или саламандери се користат за лекување на разни болести.Тагови: болница жаби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравствоАзир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски. Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола. Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не. За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник. Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаКривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.. Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот? Во видеото погледнете го целиот извепштај. Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook