Европа подготвена за преговори со Русија за завршување на војната во Украина - Канал 5

Европа подготвена за преговори со Русија за завршување на војната во Украина

Европските лидери на самитот во Берлин изјавија дека се подготвени за преговори со Русија за прекин на војната во Украина.

Европа подготвена за преговори со Русија за завршување на војната во Украина

Британскиот премиер Енди Бернам порача дека Европа има обединета преговарачка позиција. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека максималистичките барања на Москва се нереални. На самитот присуствуваа и Зеленски, Макрон и американски претставници.Џаред Кушнер изјави дека Доналд Трамп верува оти постигнувањето мир е остварливо.

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека Москва не е против европско учество во преговорите.Сепак, Зеленски изрази скептицизам, посочувајќи дека Путин досега ги отфрлал мировните предлози.Клучно прашање остануваат безбедносните гаранции за Украина, слични на членот пет од НАТО.

Мерц нагласи дека Европа е подготвена за дијалог со Русија, но само доколку се постигне мировен договор прифатлив за Киев. Големата тројка, Трамп, Путин и СИ ЏИНПИНГ вчера се согласија за мировна декларација во Шенжен и порачаа дека нуклеарна војна никогаш не смее да се води. Дополнително заклучија дека се потребни и реформи во ОН, како и згоелмување на снабдување со нафтени деривати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на седницата,поднесени се над 300 амандмани

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година. На седницата,поднесени се над 300 амандмани.

Амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на седницата,поднесени се над 300 амандмани

За власта станува збор за развоен буџет насочен кон економски раст, капитални инвестиции и подобрување на животниот стандард.

За опозицијата, проекциите на владата не ја отсликуваат реалната економска состојба, а зголемените дефицити и задолжувањата го доведуваат во прашање развојниот карактер на буџетот.

Во предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно со натпросечни температури, максималната ќе достигне од 14 до 22 степени

Според УХМР денеска во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат и ќе се разведри. 

Облачно со натпросечни температури,  максималната ќе достигне од 14 до 22 степени

Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје, во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понделник до средината на работната седмица под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер