СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветОсумдесет проценти од Американците очекуваат дека летово ќе добијат отказ: Веќе нема сигурност Огромно мнозинство Американци се загрижени дека би можеле да ги загубат своите работни места оваа година, покажува новото истражување на пазарот на трудот.Извештајот насловен „ The Great Stay: 2025 State of the Labor Market “, спроведен од платформата My Perfect Resume, ја открива растечката несигурност меѓу работниците во САД. Според истражувањето спроведено на примерок од 1.115 вработени, дури 81 отсто од испитаниците стравуваат дека ќе останат без работа оваа година, а 20 отсто од нив велат дека се „многу позагрижени“ од минатата година, пренесува Newsweek. Масовни отпуштања Луѓето сѐ помалку ги менуваат работните места бидејќи се загрижени за отпуштања и можна рецесија. Дури 76 отсто од испитаниците очекуваат повеќе отпуштања во 2025 година, а дури 92 отсто веруваат дека доаѓа рецесија. Речиси две третини (63%) сметаат дека годинава ќе се затворат повеќе компании отколку лани. Загриженоста не е неоснована. Во март, американските работодавци објавија 275.240 отпуштања - повеќе отколку во истиот месец пред пет години, кога избувна пандемијата. Од нив, дури 216.215 отпуштања доаѓаат од федералната администрација. Во изминативе два месеци вкупно 280.253 лица се отпуштени во 27 владини агенции. Главниот двигател на овој бран отпуштања е новоформираниот Оддел за владина ефикасност, неофицијално на чело со Илон Маск, а има за цел намалување на владината бирократија и трошоци. Во однос на бројот на отпуштања, март беше најлошиот месец од историските кратења во април и мај 2020 година, кога повеќе од милион луѓе останаа без работа поради пандемијата, според податоците што ги следи Челинџер од 1989 година. „Тоа не е само страв од отпуштања. Луѓето се плашат дека системот ќе ги заборави“. „Веќе ништо не е безбедно“ Патрис Вилијамс Линдо, извршен директор на Career Nomad, вели дека луѓето не драматизираат, туку само следат што се случува. „Отпуштањата сè уште се случуваат редовно, иако се непредвидливи. Економијата изгледа нестабилна. Тарифите постојано се менуваат. Вестите не запираат. Работниците се уморни да бидат изненадени од нештата, а таа вознемиреност се чувствува“, изјави Линдо за Newsweek. „Не се плашат само да ги загубат своите работни места“ „Видов како политичките и економските промени ја менуваат перцепцијата за безбедноста - од падот на „dot-com“ во 2000 година, преку 11 септември, финансиската криза во 2008 година и сè до пандемијата. Кога ќе исчезне чувството за предвидливост, луѓето прашуваат: ако веќе не можат да се потпрат на пазарот, државата или големите компании - тогаш на што можат да се потпрат? рече Каудин. Психичко влијание на отказите Иако стапката на невработеност во САД останува ниска, големите медиумски и технолошки компании кои неодамна отпуштија голем број работници создаваат психолошки притисок, вели Сем Рајт од Хантр, компанија за пишување резимеа и следење на апликации за работа. „Секогаш кога голема компанија најавува отпуштања, гледаме зголемување на активноста на нашата платформа, дури и од сектори кои не се поврзани со индустријата од кои доаѓаат вестите“, изјави Рајт за Newsweek. Несигурноста при работа предизвикува и поголем стрес. Повеќе од половина од испитаниците (52%) очекуваат исцрпеноста да биде уште почеста. Како главна причина се наведува несигурноста при работата (43%). За да останат конкурентни, 61 процент од работниците планираат дополнително да инвестираат во образование и обука во текот на 2025 година. Линдо вели дека тоа повеќе зборува за недоверба во системот отколку за лошата состојба на пазарот. „Пазарот на трудот не се распаѓа, но довербата на луѓето во него пропаѓа. Тоа навистина го покажуваат овие податоци“, рече таа. Каудин додава дека сегашната паника можеби нема да трае, но дека работниците ја прават вистинската работа со тоа што се подготвуваат и работат на себе. „Најпаметно е да не се замрзнете од страв“, рече таа. „Работете на вашиот личен бренд, ажурирајте го LinkedIn, разговарајте со тренер или терапевт, останете присутни на работа - дури и ако работите од дома - и грижете се за вашиот начин на размислување. Не дозволувајте стравот да ја диктира вашата судбина.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook