Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаОсум дена притвот за сопственикот на Доказ - ММаријан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ заврши во истражниот затвот Шутка .Осум дена притвор определи скопскиот кривичен суд за за сопственикот на ДоказМ, Марјан Стаменковски. Обвинителството бараше притвор поради опасност од бегство и повторување на делото. Тој синоќа беше приведен во полиција по извршениот претрес во станот во населбата Влае каде што живеел. Стаменковски е осомничен за неколку кривични дела – уцена, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. Постапката е отворена по пријави од телевизија, свештеници, новинарки, вработен во обвинителството и истражители. „Осомничениот се служел со сопствениот интернет портал, знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица, како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи. Дополнителна околност во таа насока е потребата да се заштитат жртвите, кои биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку компјутерски систем и преку интернет порталот на осомничениот. – стои во образложието на обвинтиелството за побараниот притвор.. Од таму велат дека Стаменквоски во објавите ги поврзувал свештениците со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, а во текстовите се упатувале и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Новинарките го пријавиле бидејќи минатата година на порталот објавувал навредливи текстови со нивни фотографии со намера да ги заплаши, а вработениот во скопското обвинителство го повикувал на средба за да го уценува дека ќе објави приватни фотографии и информации за него. Во перидодот додека се водела постапката, како што наведуваат од обвинителството, Стаменковски искористил познанство со поранешна истражителка во скопското обвинителство, од која преку вибер комуникација се обидел да дознае деталите за повеќе превдмети, вклучително и неговиот, а без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје. Против екс истражителката, вработена во МВР, со која контактирал Стаменковски, веќе е започната постапката во Одделот за внатрешна контрола. При претресот во станот каде престојувал покрај документација и компјутерска опрема, била пронајдена и одземена поголема сума на пари, според неофицијални информации над 90.000 евра за кои сомнежите се дека потекнуваат од други кривични дела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook