Осуденик на смрт одби да се изјасни дали сака инекција или електрична столица и предизвика дебата - Канал 5

Осуденик на смрт одби да се изјасни дали сака инекција или електрична столица и предизвика дебата

Затвореникот осуден на смрт Харолд Вејн Николс од Тенеси, САД, одби да избере како ќе биде погубен.

Осуденик на смрт одби да се изјасни дали сака инекција или електрична столица и предизвика дебата

Му бил даден избор помеѓу електрична столица и смртоносна инекција, како метод на погубување, што е закажано за 11 декември, објави АП.

Според сегашниот закон, бидејќи осуденикот одбил да даде изјава за методот на извршување на најстрогата казна, државата Тенеси сега автоматски ќе користи смртоносна инјекција.

Николс беше осуден на смрт во 1990 година откако беше прогласен за виновен за силување и убиство на Карен Пејли, 21-годишна студентка на Државниот универзитет во Чатануга, две години претходно.

„Тој има две недели да ја промени својата одлука за методот на погубување“, изјави Доринда Картер, портпаролка на Одделот за корекции на Тенеси.

Погубувањето на Николс првично било закажано за 2020 година, кога тој го избра електричната столица, но му беше одложено поради пандемијата на КОВИД-19. Затворениците од Тенеси осудени за злосторства извршени пред јануари 1999 година имаат право да изберат електрична столица наместо смртоносна инјекција, преферираниот метод на државата.

Иако неколку држави сè уште ја дозволуваат електричната столица, таа е употребена само пет пати во изминатата деценија, сите во Тенеси.

Во времето кога Николс ја избрал електрокуцијата, протоколот за смртоносна инјекција во Тенеси користел три различни отрови по ред, процес за кој адвокатите на осудениот тврделе дека имал голем број сериозни недостатоци.

Нивните сомнежи се покажаа како точни во 2022 година, кога гувернерот Бил Ли ги запре сите егзекуции, вклучувајќи ја и втората закажана егзекуција на Николс. Независна истрага за протоколот за смртоносна инјекција во државата покажа дека ниту една од отровите подготвени за седум затвореници егзекутирани во Тенеси од 2018 година не била правилно тестирана.

Одделот за корекции минатиот декември издаде нов протокол кој користи само еден отров - пентобарбитал. Адвокатите на неколку затвореници осудени на смрт ја тужеа државата поради новиот протокол, но тужбата не е закажана да оди на суд до април.

Николс призна дека ја силувал и убил Карен Пали, како и дека извршил неколку други силувања во областа Чатануга. Иако изрази каење за време на судењето, призна дека ќе продолжел со своето насилно однесување доколку не бил уапсен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер