3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
Шоу бизОскаровец открива како добил корона додека примал хемотерапија: Ракот ми изгледаше лесенОскаровецот Џеф Бриџис објави дека неговиот лимфом е во фаза на ремисија и открива дека се заразил со коронавирус во јануари, што досега го чувал во тајност.„Многу се случи од мојот последен пост“, напишал Бриџис на својот блог, каде што последен пат објави во јануари. „Ракот е во фаза на ремисија, масата се намали до големина на камен“, објавил тој и ја започнал приказната за инфекцијата со коронавирус. Филмската sвезда Биг Лебовски и сопругата Сју биле изложени на коронавирус во центарот каде што актерот примал хемотерапија. И двајцата завршиле на интензивна нега веднаш по инфекцијата, раскажа тој. Сопругата била на интензивна нега пет дена, а тој, со имунолошкиот систем ослабен од хемотерапија, пет недели. View this post on Instagram A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges) „Мојата борба со ковид ја направи борбата со ракот да ми изгледа како мачкина кашлица“, напишал тој. Исто така, открива дека сакал да го објави ова уште во март, но се воздржал додека коронавирусот не бил целосно поразен. Сега короната е зад него, вели тој. „Ковид ме погоди добро, но сега сум вакциниран двапати и се чувствувам многу подобро“, напишал тој. Му се заблагодарил на својот физиотерапевт кој му помогнал да се опорави. „До неодамна, ми требаше кислород за да можам да одам, звучев како Дарт Вејдер“, се пошегувал оскаровецот, фалејќи се дека конечно успеал да ја одведе својата ќерка Хеј, која се омажила во август, до олтарот. View this post on Instagram A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges) Да потсетиме, Бриџис во октомври 2020 година објави дека боледува од лимфом. "Како што би рекол пријател, се појавија нови ср**а ... Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, имам среќа што имам одличен тим лекари и прогнозите се добри. Почнувам со третман и ќе продолжам да ве информирам за закрепнувањето ", напишал тој тогаш. Околу десет дена подоцна, тој се јавил од болницата и им се заблагодарил на сите што беа со него. Потоа позира во болничка ноќница до сталак за лекови, што ги примал интравенски. Тој ја документирал својата борба на социјалните мрежи се додека не прекина во јануари оваа година, се` досега.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветСе урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“. Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување. Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени. Russian Sukhoi Su-30SM fighter jet crashed near the town of Chernyakhovsk located in Russia's Kaliningrad Oblast on Wednesday afternoon. According to reports, the two crew-members managed to eject before the plane impacted the ground. They were later transferred to a medical facility with some wounds. Presumably, the airframe belonged to the 4th Guards Naval Assault Aviation Regiment of the Baltic Fleet, with home-base at the nearby Chernyakhovsk Air Base. (Su-30 photo is for illustration purposes only and might not represent the actual airframe lost in the accident) — Status-6 (@Archer83Able) October 21, 2026 „Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветРуски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци. На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот. Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата. Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат. Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter